05 Декември, 2025
0.0293

Тодоровски: Русија не преговара со ултиматуми, Трамп сака „мир преку сила“ - КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Објавено во: Анализа 22 Јули, 2025 10:39

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп во кампањата ветуваше дека војната во Украина ќе заврши за 24 часа, но конфликтот и понатаму трае со несмален интензитет. Може ли американскиот претседател конечно да го „притисне“ Путин да стави крај на крвавиот конфликт со светски последици со најновите дадени рокови, но и достава на дополнително оружје за Украина и нови санкции. 

„Овие неколку месеци покажаа дека Трамп нема посебен пристап кон решавањето на украинскиот конфликт, и Трамп сфати дека нема да може брзо да го реши конфликтот. Да, Трамп во предизборниот процес во САД ветуваше дека ќе стави крај на војната во Украина за 24 часа, но неколку месеца откако влезе во Белата куќа, Трамп како претседател изјави дека таа изјава била „сарказам“ и дека конфликтот е далеку посериозен и подлабок отколку што мислел претходно“, смета Дарко Тодоровски докторант на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација.

Тодоровски додава дека Трамп ја означи војната во Украина како „војна на Бајден“, но откако стана претседател Трамп со неговата администрација се трудат по секоја цена да се стави крај на војната и да излезат со чисти раце од неа. 

„ Бизнис пристапот на Трамп за ставање на крај на овој конфликт се покажа дека не работи, и војната на Бајден полека се претвора во „Војна на Трамп“, и Трамп е принуден по инерција да ја продолжи политиката на Бајден во однос на Украина и воената помош за Украина“, вели Тодоровски. 

Што се случи во администрацијата на Трамп по бројните посети на специјалниот претставник Кит Келог по однос на прашањето за воена помош на Украина, кавгата во Белата куќа со Зеленски, договорот за ретки минерали, и двете рунди на преговори со руската и украинската делегација во Истанбул?

„Според Вашингтон, евентуалниот воен пораз и капитулација на Украина би имал далеку поголеми геостратешки последици за САД отколку Афганистан или Виетнам. Затоа Трамп се труди да стави крај на војната во Украина по корејско сценарио до крајот на годината. Проблемот е што тоа сценарио не ги задоволува ниту Русија, ниту Украина, ниту Европа“, оценува Тодоровски. 

Кои се карактеристиките на односот меѓу Трамп и Путин од времето на неговиот прв мандат и сега, кога всушност треба да дејствува во време на војна во Украина, со заладени односи, бројни пакети санкции?

Тодоровски: Личните односи и симпатии помеѓу Трамп и Путин не можат да го променат векторот на американско-руските односи, кои што се на најниско ниво во историјата. Преговорната фаза меѓу Русија и САД, која започна со телефонскиот повик на Трамп до Путин во февруари годинава, веројатно може да се смета за завршена. Иритацијата и разочараноста на Трамп од Путин е сосема искрена. А ставот на Путин и на Русија не се промени ни на милиметар. На хоризонтот нема предуслови за ресет на американско-руските односи и нивно подобрување. 

За време на првиот мандат на Трамп, во август 2017 година Трамп го потпиша Законот за справување со непријателите (Русија, Иран, Северна Кореја) на Америка преку санкции (CAATSA), и тој закон додатно тогаш ги влоши односите со Русија. На 16 јули во 2018 година во Хелсинки, Трамп се сретна со Путин и се оддржа американско-руски самит за американско руските односи и за европската стратешка безбедност. И покрај големата фама и очекувања пред самитот, за време на самитот не беа потпишани никакви документи, и односите помеѓу САД и Русија после самитот додатно деградираа. Трамп беше првиот претседател на САД кој што одобри испорака на смртоносно оружје за Украина, против-тенковските системи Џавелин. 

Трамп ќе ја продолжи политиката на санкции во однос на Русија, и ќе го продолжи јакнењето на НАТО во Европа.

Како може да се оцени новиот даден рок од 50 дена за постигнување примирје во Украина, со најавената достава на ново американско оружје во Украина, како што се ракетните ПВО системи Патриот, и најавените 100 отсто царини за рускиот извоз?

Тодоровски: Се работи за директен ултиматум од страна на Трамп кон Русија, односно на дело е неговата доктрина, „Мир со посредство на сила“. Трамп и неговата администрација се откажаа од стратегијата на Бајден за нанесување на стратешки пораз на Русија, и ја форсираат стратегијата за мировен договор според „Корејско сценарио“. Но. историјата многупати покажала дека со Русија не може да се разговара преку ултиматуми. Официјален Кремљ тврди дека Русија е подготвена да се справи со новите санкции на Трамп и дека Москва нема да отстапи од своите услови. 

Трамп се обидува преку економски и воен притисок да го принуди Путин и Русија да се согласат на предлогот на Трамп за ставање на крај на војната во Украина. Путин тој предлог на Трамп го одби на 25-ти април, кога специјалниот претставник Стив Виткоф беше во посета на Москва и имаше преговори со Путин во Кремљ. Предлогот на Трамп е мировен договор за Украина според моменталната ситуација на военото поле, признавање на Крим како дел од Русија, а останатите територии кои што ги контролира Русија нема да бидат признаени, и дека во иднина е можен референдум на тие територии. Плус етапно укинување на санкциите против Русија. Русија го отфрли тој предлог на Трамп, по што војната повторно ескалираше.

Според Axios во телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Путин, наводно Путин му рекол на Трамп дека во наредните 60 дена Русија ќе спроведе голема офанзива во Украина. Од тој разговор  поминаа 10 дена. Наводно Трамп е убеден дека руската летна воена офанзива ќе биде само делумно успешна, и дека после неа Путин ќе биде подготвен на преговори. Колку од тоа е реално, останува да видиме после 3-ти септември а можеби и порано. 

Иако се чинеше дека постои можност за доближување на ставовите по директните контакти меѓу Рубио и Лавров и отворениот канал на комуникации меѓу САД и Русија, одговорот на Европа беше засилена воена поддршка на Украина и поостра реторика за можен судир со Руската Федерација во иднина, за што треба европските нации да се подготват. Дали Европа најде начин да се факторизира во преговорите, по бруталното обраќање на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Минхен?

Тодоровски: Русија не преговара со ултиматуми, Трамп сака „мир преку сила“ - КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Русија не преговара со ултиматуми, Трамп сака „мир преку сила“ - КАКО ЌЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Факт е дека без Европа не може да се дојде до постинување на одржлив договор за ставање на крај на војната во Украина и до Договор за Европската стратешка безбедност. Да, Европа најде начин како да се факторизира во преговорите, и најде пристап до Трамп. Клучни личности во тоа се Руте, генералниот секретар на НАТО, и Мерц, канцеларот на Германија, кои што се сретнаа неколку пати со Трамп и успеаја во намерата Европа да биде вклучена во преговорите и европските стратешки интереси да бидат земени во предвид. Трамп успеа да ја принуди Европа, која што на свој грб ќе го превземе товарот за купување и снабдување со американско оружје и воена опрема за Украина. 

Во Европа во март 2025 година беше објавена „Белата книга на ЕУ за одбрана“ и европскиот план за вооружување „Подготвеност 2030“. Донесувањето на вакви стратешки документи за одбрана и вооружувње зборува дека Европа зеде курс на милитаризација, и веќе се видливи првите резултати. Иако побавно од очекувањата, расте производството на некои видови на оружје во Европа. Во Европа веќе наголемо се зборува дека Европа до 2030 година мора воено да биде подготвена за воен судир со Русија. 

Јас искрено не верувам дека во наредните години ќе дојде до директен конфликт помеѓу НАТО и Русија. 

Постои ли во Русија план како да се заврши војната во Украина и на што е подготвен Путин во преговорите?

Тодоровски: Планот на Русија за ставање на крај на војната во Украина беше неколку пати објавен од страна на Путин, Лавров и други официјални лица. Условите кои што ги означи Путин се:

- правно признавање од страна на Украина и Западот на четирите региони (Доњецката, Луганската, Запорожската и Херсонската област) дека се составен дел од Русија

- воена неутралност на Украина и ограничување на нејзината армија

- правни гаранции за неширење на НАТО на Исток

- заштита на правата на рускојазичното население во Украина и на правата на Украинската православна црква

- укикнвање на сите санкции против Русија и враќање на замрзнатите средства во западните банки

- Русија заедно со другите големи сили ќе дадат безбедносни гаранции за Украина

Ниту Украина, ниту САД и Европа се спремни да ги прифатат условите на Русија, а Русија не е спремна да ги прифати условите на САД и Западот. Русија верува дека нејзината стратегија на воено изморување и исцрпување на Украина работи, Западот верува дека неговата стратегија на економско и воено исцрпување работи. Поради тоа војната продолжува. 

„Во моментов во тек е руската летна офанзива во Украина, и мое мислење е дека резултатот од неа во голема мера ќе го определи текот на преговорите, и дека постои минимална шанса за постигнување мировен договор и ставање крај на војната во Украина до крајот на годината. Евентуалниот мировен договор нема да ги задоволи ниту Русија ниту Украина и Западот, и истиот ќе значи дека ниту Русија, ниту Украина и Западот ги оствариле своите стратешки цели“, заклучува Тодоровски. 

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?