05 Декември, 2025
0.2390

ТОНИ СТОЈАНОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ЧЛЕН НА УО НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - заминува на челната позиција на НЛБ Банка?

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2024 17:25

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје практично ја објави информацијата што денеска ја објави Фактор, а тоа е дека во таа банка се случија промени во Управниот одбор, кои се рефлектираа и во друга голема банка во земјава.

Односно, Стопанска банка Скопје објави дека Тони Стојановски, член на Управниот одбор на таа банка и генерален директор за корпоративно банкарство, поднесе оставка од таа позиција. 

„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка АД – Скопје известува дека на ден 03 јуни 2024 година г. Тони Стојановски поднесе оставка од позицијата член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство на Стопанска банка АД – Скопје“, се вели во објавата која доцна попладнево пристигна до Берзата од нашата најстара и една од најголемите банкарски институции во земјава.

А, според сознанија на Фактор, Тони Стојановски ќе замине во друга голема банка во земјава, и според нашите информации, тоа е НЛБ Банка, каде ќе ја преземе функцијата прв човек на банката. 

На таа позиција, односно претседател на УО и главен извршен директор е Бранко Грегановиќ, а според наши информации, тој би заминал на некоја друга позиција во рамките на НЛБ групацијата, која е раширена и има поголем број на филијали во регионот.

Оваа информација, дека Стојановски заминува во НЛБ Банка, сеуште не е потврдена од НЛБ банка, а се очекува тоа банката да го стори преку ценовно чувствителна информација која би ја објавила на Берзата. 

Тони Стојановски е еден од најискусните банкари во земјава. Тој долги години има работено и во Народна банка на Македонија, а потоа долги години беше на челните менаџерски позиции во Стопанска банка Скопје.

Фактор веќе објави дека ќе се менува Статутот на најстарата и една од најголемите банки во земјава, Стопанска банка Скопје.

Наместо четворица, Управниот одбор на оваа банка ќе брои седум членови.

Тоа е одлука која била усвоена на акционерското Собрание кое се одржа во петокот минатата недела, а која банката ја објави за инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Всушност, акционерите усвоиле статутарна одлука за изменување на Статутот на Стопанска банка Скопје, според која се менува членот 43, и отсега па натаму тој ќе гласи дека „Управниот одбор на Стопанска банка Скопје се состои од седум члена и тоа првиот е генерален извршен директор на банката и претседател на Управниот одбор, како и шест генерални директори, односно генерален директор за корпоративно банкарство, генерален директор за управување со ризици, генерален директор за банкарство на мало, генералкен директор за финансии, генерален директор за оперативни работи и генерален директор за трансформација и стратегија“.

Објавивме и дека нашите сознанија говорат дека овие промени во оваа наша најстара и една од најголемите банки во земјава, би можела да предизвика промени и во Управниот одбор на една друга голема банка во земјава, но засега тие информации се во зоната на шпекулациите и не се официјално објавени од двете банкарски институции.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката