ТОП ДИВИДЕНДА ЗА АТРАКТИВНИ АКЦИИ - преку блок трансакција поминаа акции на НЛБ Банка за 43 илјади евра

Објавено во: Финансии 06 Јуни, 2023
Сумата можеби не беше голема, но факт е дека некој реши одеднаш да плати 43 илјади евра за акции на НЛБ Банка.
На берзанска блок трансакција беа продадени и купени 92 акции на една од нашите најголеми и најуспешни банки во земјава, НЛБ Банка, по цена од 28.750 денари за акција, или беше платена вкупна сума од 43 илјади евра.
Ова е само многу ситен процент од вкупната акционерска структура на НЛБ Банка, или преку блок трансакцијата биле истргувани 0,01 отсто од бкупниот број акции на НЛБ Банка, кои се 854.061 на број.
Ако се погледне по која цена вчера се продавале акциите на НЛБ Банка, може да се забележи дека таа на вчерашното редовно тргување изнесувала 28.674 денари за акција просечно, што значи дека блок трансакцијата поминала по речиси иста цена за акција како и на редовното тргување, односно по само малку повисока цена од класичното тргување. Вчера на редовното тргување, пак, се продала многу поголема количина од блок трансакцијата, оносно 325 акции.
Додека, пак, убедливо најголема количина во еден ден е истргувана во четвртокот, последниот работен ден од минатата недела, кога биле продадени и купени 575 акции на НЛБ Банка, а цента бил 28.768 денари за акција, или незначително повисока од вчерашната блок трансакција.
Највисока цена, пак, акциите на НЛБ имале на 3 мај, и тоа 32.226 денари просечна цена за акција на редовното тргување. Тоа всушност се поклопува со 2 мај, односно е ден претходно откако НЛБ Банка објави дека нето дивидендата по акција изнесува 2.188 денари. Тогаш сме прогнозирале дека овој износ на дивиденда и принос ќе доведе до пораст на цената на акцијата на НЛБ Банка.
Инаку, пред неколку дена и Собранието на акционери ја потврди одлуката за исплата на дивиденда.
Акционерите на НЛБ Банка ќе добијат вкупна дивиденда од 33,8 милиони евра, што се добива ако се собере предвидениот износ за дивиденда од 27,7 милиони евра од ланската добивка, како и 6,1 милиони евра од акумулираната добивка од 2021 година.
Во моментов доминантен и единствен сопственик кој поседува над 5 отсто од акциите во НЛБ Банка е Нова Љубљанска банка АД Љубљана, која поседува 86,97 отсто од акциите во НЛБ Банка.
Тоа значи дека кај словенечката банка која е мајка на нашата НЛБ Банка, во форма на дивиденда ќе завршат 29,4 милиони евра во форма на дивидена.
Покрај главниот акционер од Љубљана, во НЛБ Банка има и многу домашни физички и правни лица кои се акционери, и тоа 123 домашни правни лица, односно фирми или банки, кои поседуваат вкупно 30.324 акции или 3,55 отсто, како и 906 домашни физички лица, кои располагаат вкупно со 77.178 акции или 9,04 отсто.
И странски физички лица кои се 17 на број поседуваат акции од НЛБ Банка, и преку нив држат 0,2 отсто од капиталот.
А покрај Нова Љубљанска, уште пет други странски правни лица имаат акциии во НЛБ, но и нивниот сопственички процент е ситен.
Исплатата на дивидендата ќе почне 30 ден по одржувањето на Собранието на акционери.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат
