14 Декември, 2025
0.0338

ТОПЛОТНОТО ИСЦРПУВАЊЕ ВОДИ КОН ТОПЛОТЕН УДАР: Д-р Ирина Бухова говори за предупредувачките симптоми

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Повеќедневните екстремно високи температури доведуваат до прегрејување на човековиот организам, особено ако станува збор за луѓе кои заради професијата поголемиот дел од денот мора да го минат на отворено. Интернистите овие денови се преплавени со пациенти кои се жалат на низа здравствени тегоби токму поради изложеност на сонце, а меѓу нив има и помлади лица кои досега немале сериозни проблеми со здравјето. Д-р Ирина Бухова, специјалист интернист, во разговор за Фактор вели дека прегрејувањето на организмот може да се манифестира како топлотно исцрпување или топлотен удар.

-Топлотното исцрпување се случува почесто и е со полесна симптоматологија. Темературата кај пациентите е меѓу 37-40⁰C, но ако ваквата состојба, односно, ако топлотното исцрпување не се третира таа води кон топлотен удар. Е, во тој случај, телесната температура е над 40⁰С. Станува збор за многу сериозна здравствена состојба која е пропратена со повеќе симптоми и кај пациентите може да се јават делириум, грчеви и кома, вели д-р Бухова.

Посочува дека високите температури секако се огромен ризик фактор за влошување на веќе постоечките хронични заболувања кај голем број пациенти, а истовремено, како што вели, тие се и тригер за акутно влошување на здравствената состојба.

-Најчесто е пореметена регулацијата на крвниот притисок, односно кај некои пациенти и покрај редовната терапија, притисокот останува нерегулиран. Дел од пациентите страдаат од вртоглавици, замаеност, градни болки и главоболки. Сето ова е последица на екстремно високите температури кои кај нас траат веќе со денови, а како што најавуваат метеоролозите, ќе почекаме уште барем десеттина дена за некакво минимално заладување, нагласува д-р Бухова.

Вели дека секој може превентивно да си делува за да се избегнат сериозни здравствени проблеми, а најважно е да се скрати временската изложеност на сонце.

-Доколку е возможно луѓето кои ги извршуваат своите работни задаќи на отворено, да се хидрираат колку што можат повеќе, да носат капа на главата и заштитна работна облека. Работниците на отворено треба да прават и почести паузи и доколку се појави каков било симптом кој упатува на прегрејување на организмот или топлотен удар, веднаш да се реагира. Инаку постојат предупредувачки знаци, симптоми за топлотен удар и тие се добро познати кај луѓето. Обично се јавува главоболка, вртоглавица, темнење пред очите, малаксаност, препотување, кај некого се јавува тахикардија, срцебиење, покачен или намален крвен притисок, појаснува д-р Бухова и додава дека една од компликциите, најчесто кај пациенти кои се в ризичната група се и градните болки. Посебно внимание потребно е да се обрне на пациентите кои имаат проблем со регулирање на крвниот шеќер, бидејќи кај ни позната е таканаречената состојба „тивка исхемија“, односно страдање на срцевиот мускул. Терапијата мора да се прилагоди. Како што веќе реков, има пациенти кај кои и покрај редовното земање терапија, притисокот се покачува. Во таков случај ги зголемуваме дозите, сепак многу внимавајќи на диететскиот режим кој сме го препорачале, потенцира д-р Бухова во разговорот.

Тоа што посебно го истакна е дека никој не е имун на топлотниот удар и кај секој еден може да се развие ваква состојба, но поголем е ризикот кај бебињата и малите деца, кај повозрасните, луѓето со хронични заболувања.

-Станува збор за сериозна здравствена состојба која доколку навреме не се лекува, може да има смртен исход, вели д-р Бухова.

Анита Буховски

ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово