ТОШКОВСКИ: Mоја беше одлуката да прекинат гужвите пред пунктовите
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024
Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски во вечерашната емисија „Само Интервју“ кажа дека граѓаните две и пол години беа лажени во однос на личните документи.
„Aко треба да ме судат граѓаните - нека ме судат, моја беше одлуката да прекинат гужвите пред пунктовите и да има турканици. Две и пол години граѓаните беа лажени, повторно ли се ВМРО-ДПМНЕ виновни што немаме исправи? Заклучно денеска сите кои се фотографирани за лични исправи, очекувам за месец и половина да им бидат изготвени на граѓаните. Не е точно дека истиот ден кога станав министер стигнаа педесет илјади обрасци, стигнаа наредниот ден“, рече Тошковски во Само Интервју.
Внaтрешна контрола ќе испитува што се случило со обрасците за пасоши.