Тотал инженеринг: Невистини изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 20:52
Oд ДГИ Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица целосно ги демантираат изнесените невистини од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека нема никаков скандал ниту било каква незаконитост во работата на Тотал инженеринг.
„Договорот со Владата на Република Македонија за детални геолошки истражувања Тотал инженеринг го има потпишано пред три години, односно во 2015 година.Во тоа време,премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор Тотал инженеринг ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година Имаме проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Значи исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на Тотал инженеринг и затоа е добиена концецијатаоткако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции. Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции“- стои во демантот.

Фирмата Тотал Инженериг веќе неколкупати јавно ги охрабрува надлежните институции како и сите невладини организации коишто се занимаваат со борба против корупција детално да ги истражуваат измисленуте случаи на ВМРО-ДПМНЕ и да соопштат за наодите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




