Трагедија: Двајца млади скопјани загинаа во сообраќајка во Чешка
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020 11:22
Двајца скопјани ги изгубиле животите синоќа во тешка сообраќајка која се случлила во Чешка. Станува збор за млади луѓе кои биле тргнати на пат да се вратат дома - за жал не успеале. М.Б имал 30 години, а Д.Б 27 години.
Сообраќајката се случила на автопатот Прага – Усти во Лаба во Чешка.
Чешките медиуми велат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот кој водел во правец кон Усти на Лаба.
„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.
Полицијата се огласи и истакна дека ќе ги истражува причините за настанатата незгода
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




