ТРАГЕДИЈА ВО НЕПАЛ: Слонови нападнаа село, еден загина
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Слонови нападнаа село во југозападен Непал, при што едно лице загина.
Тие влегле во селото Прасени во зора кога светлоста е мала и има магла, типична за овој период.
Безбедносни сили се испратени да ги истераат слоновите од селото и да ги вратат во шумата, а повредените се префрлени во блиската болница.
Во близина на селото се наоѓа Националниот парк Бардиа, каде има голем број слонови, но ретко се случува животните да избегаат.