29 Ноември, 2024
0.0294

Трагедијата во Стајковци го натера метеорологот Секирарски да создаде прогнозер за поплави

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

На меѓународен саем за иновации во Хрватска каде во игра беа 150 иновации од повеќе земји, македонскиот метеоролог,  Борис Секирарски доби сребрен медал за уредот ЕЛИФ и апликацијата МЕЛИФ кој алармира на опасности од врнежи и поплави. Кумановецот Секирарски е професионален метеоролог со триесетгодишно работно искуство, и создаде уред – прогнозер на поплави.

Фактор: Колку време ви беше потребно за создавање на уредот ЕЛИФ и апликацијата МЕЛИФ кој укажува на опасности од врнежи и поплави?

Во сите овие години јас постојано барав можности за подобрувања во работењето. Не ми е прв пат да се појавам со резултат, но оваа идеја изгледа им се допадна на сите. Покрај долгото искуство во метеорологијата,  јас имам и доволно познавања од интернет технологиите и секако од информатиката воопшто за да можам слободно да размислувам за нови идеи. Досега сè е направено со многу малку и од куќен буџет. За жал тоа го одолговлече појавувањето на уредот јавно овој септември годинава. По малку и се колебав пред некоја година околу целата идеја, но трагедијата во Стајковци беше решавачка. Тогаш веќе знаев дека мора да се изнајде нов начин на информирање, појасен и многу побрз од постојниот.

Фактор: На кој начин функционира и кои ќе бидат бенефитите за граѓаните?

Замислете го ELIF (kратенка од Electronically Led Internet Forecast) како еден семафор, но за нас луѓето кога сме изложени на невреме. Единствената разлика е веројатно способноста на овие уреди да дење и ноќе, неуморно читаат посочена содржина од една интернет локација и од тоа создаваат информација за опасноста во моментот. Иако потребните податоци би се обработувале во еден центар кој на овие простори би можел да биде и регионален, за граѓаните би биле забележливи 4 бојните семафори во заедничките простори. Сите ние кога би се нашле во ризичните сливови на брзите суводолици ќе ја прочитаме моменталната опасност и ќе си ги планираме постапките. Уредот во оваа верзија е основен и боите кои укажуваат на некоја информација, едноставно трепкаат. Белата боја е само знак дека уредот е исправен и има пристап до податоците. Поважни се сината која трепка во случај на прогласена поплава, жолтата дека и понатаму ќе врне во следните триесетина минути и последната и најважна е црвената која укажува на опасност од брза поплава..

Фактор: Ќе има ли практична примена уредот, кога и каде?

Јас би сакал уште веднаш и тоа кај нас. Сепак ова е нов пристап и треба да се избори до општа прифатеност можеби и во светот. Во прв ред кај нас би бил корисен во населените места под Шара во Полошко. Во Скопско секако кај Стајковци, но и на делови под Водно. Има доста ризични локации каде што постои опасност од брзи поплави.

Фактор: Дали со него планирате да се пријавите и на некој друг саем?

Како дел од иноваторската заедница мене здружението НАИМ ме прифати и така почна ова претставување на саемите. Најпрвин на ИНОВАМАК 2018 каде што освоив златен медал, а веднаш потоа и на Хрватскиот саем ARCA2018 каде што иновацијата ELIF и MELIF освои сребрен медал. Мене ми е особено драго што со наградата во Загреб излегов кон Европа, а ова ќе е и важно и овој пристап потполно да заживее.

Фактор: Кои се вашите идни планови, имате ли во план некоја идна иновација?

Планови има многу. Еднаш кога сето ова ќе успее потполно јас и секако нашата заедница ќе бидеме изворот на цел сет на умни покажувачи кои ќе бидат дел од идните умни градови, умни села, па и умни патишта. Светот веќе е влезен во еден голем процес на таканаречена Дигитална трансформација и ние од тука вака ќе му се придружиме на оваа движење.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

АРСОВСКА ЗА СЛАВЕСКИ: Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ИЗГЛАСА ЗАКЛУЧОКОТ - градоначалничката да достави измени на надоместокот за превоз на патници

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

ЗА ПАЛЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Осумдневен притвор добија три лица

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

НА ПЛАНИНИТЕ ЌЕ СЕ ФОРМИРА ГОЛЕМА СНЕЖНА ПРЕКРИВКА - ќе има и низ градовите, еве какво време не очекува викендов

ЛЕВИЦА: Иако имале информации за дестабилизација - властите тотално потфрлија

ЛЕВИЦА: Иако имале информации за дестабилизација - властите тотално потфрлија

„ДИРЕКТНО ПОТКОПУВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВОТО НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ“: Сиљановска Давкова за палењето на македонското знаме

„ДИРЕКТНО ПОТКОПУВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВОТО НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ“: Сиљановска Давкова за палењето на македонското знаме

РЕАКЦИЈА ОД СРПСКАТА АМБАСАДА: Maшко лице обвиено со албанско знаме ја остранило таблата на српскиот конзулат во Куманово

РЕАКЦИЈА ОД СРПСКАТА АМБАСАДА: Maшко лице обвиено со албанско знаме ја остранило таблата на српскиот конзулат во Куманово

СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА, ПОКРЕНАТА ПОСТАПКА И ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИК - за предизвикување меѓунационална омраза

СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА, ПОКРЕНАТА ПОСТАПКА И ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИК - за предизвикување меѓунационална омраза