Трамп со хазардерски потег - ЌЕ СЕ СРЕТНАМ СО КИМ
Објавено во: Свет 09 Март, 2018
Вонредни вести доаѓаат од САД откако американскиот претседател Доналд Трамп направил вистински хаос во Белата куќа ова утро. Тој најпрво поминал низ собата каде се одржуваат брифинзи со новинари каде инаку воопшто и не доаѓа и само кратко најавил дека ќе следи нешто навистина големо. Новинарите биле многу изненадени се растрчале низ Белата куќа за да дознаат за што ќе биде прес конференцијата и како решение ќе биде понудено за Северна Кореја.
Потоа единствено делегација од Јужна Кореја ја соопшти најважната вест, а тоа дека тие биле во Пјонгјанг и дека во Вашингтон се вратиле да ја достават поканата за Доналд Трамп за средба еден на еден со Ким Џон Ун.
Трамп, претседателот на САД, на многу хазардерски начин потврди дека кон крајот на март ќе се сретне со Ким лидерот на Северна Кореја кој постојано се заканува со напади со нуклеарно оружје.
Точното време и место на средбата меѓу Трамп и Ким допрва ќе се утврдуваат преку посредниците од делегацијата на Јужна Кореја, а главна тема секако ќе биде нуклеарното вооружување како и можноста за помирување на корејскиот полуостров меѓу двете непријателски страни кои со децении се во ладен конфликт. Покрај двете Кореи и сојузниците се во големи исчекувања, особено Јапонија, Кина, Русија и САД што секако е доволно за интернационален и глобален судир кој може да има катастрофални последици.