26 Декември, 2024
0.0338

ТРГОВИЈАТА ЈА ПРИДВИЖИ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, ИНДУСТРИЈАТА СО ГОЛЕМ ПАД - економистите очекуваат позитивните трендови да продолжат

Објавено во: Економија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Растот на домашната економија во третиот квартал според економистите најмногу е воден од јавната потрошувачка, поддржана и од приватанта потрошувачка. 

Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3 отсто на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор. 

Забрзувањето е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка од 1,9 проценти и значајното интензивирање на јавната потрошувачка од 13,3 отсто. Последното, пак, следи по значајното продлабочување на буџетскиот дефицит од 5,8 проценти за првото полугодие од годината, иако самиот трет квартал од 2024 заврши со скоро врамнотежен буџет. 

Додека, бруто инвестициите (0,6 отсто), извозот и увозот стагнираат во третиот квартал, по падовите кои ги искусија низ целата 2023 и првото полугодие од 2024 година. 

На производната страна, растот во овој квартал е скоро во целост воден од трговијата со 10,6 проценти, како најголем сектор според номиналниот придонес кон додадената вредност, додека евидентен е падот на вториот по големина сектор, индустријата со - 4,6 отсто - се нагласува во анализата на Инстиотот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. 

Од Инститотот укажуваат дека невработеноста во третиот квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12,3 отсто. Во овој квартал продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу 7,000 нови работни места, а активноста на населението се подобри на 52,6 проценти. 

Но, од „Фајненс тинк“ укажуваат дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови работни места, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од 2023.

- Во третиот квартал од 2024, инфлацијата забави на 2,6 отсто (по благото забрзување на 3,9 проценти) на годишна основа. Овие тенденции кај цените се во линија со очекувањата за целата 2024 година, за што во прилог оди благото олабавување на притисоците од страната на платите (благо забавен раст од 11,9 проценти и стагнација во однос на претходниот квартал). Но, потенцијални варијации кај цените на одредни групи производи и потезите на фискалната политика налагаат потреба од понатамошна претпазливост во однос на инфлацијата.

Позитивната динамика на економијата се очекува да продолжи до крајот на 2024 година и во првите квартали од 2025. Finance Think останува на проекциите за раст на БДП во 2024 од 2,7 отсто и за раст на цените од 3,8 проценти дадени во претходните Макро-монитори. Проекциите за 2025 се: раст на БДП од 3,5 отсто и раст на цените од 2,4 проценти - се нагласува во нивниот макромонитор. 

Можеби ќе ве интересира

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија

МИНИМАЛНА ПЛАТА 500 ЕВРА: Еве ги барањата на Стопанска комора на северозападна Македонија