17 Декември, 2025
0.0942

Трговијата со Полска опаѓа, на помош допатуваа полските бизнисмени

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013 20:20

Добивај вести на Viber

Треба да се интензивира економска соработка меќу Македонија и Полска, по 20 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји. Ова на бизнис-форумот од Скопје го побараа македонскиот и полскиот претседател, Ѓорге Иванов и Бронислав Комороски.  Бизнис-делегација составена од најголемите полски компании од повеќе индустрии: металургија, одбрана, градежништво, прехранбена индустрија и производство на мебел, пристигна во земјава за да види какви можности нуди Македонија. За време на форумот се одржаа средби помеѓу македонските и полските компании и беа остварени значајни директни контакти како предуслов за деловна соработка.  Како што истакна македонскиот претседател Иванов, Полска е важен трговски партнер на Македонија и во 2012 година беше на листата со 20 земји со кои остваруваме најголем обем на трговска размена. Сепак, забележа тој,во првите шест месеци од 2013 година оваа размена бележи пад. „Полска е важен трговски партнер на Македонија, но во последните шест месеци од годинава резултатите не се задоволувачки. Затоа и денеска сме овде, да  дадеме нов елан на соработката меѓу двете земји,“ изјави претседателот Иванов. Со него се согласи и полскиот колега Комороски, кој во обраќањето пред бизнисмените рече дека иако двете земји немаат отворени прашања, треба да се интензивира бизнис-соработката. Нешто подоцна на работен ручек полскиот претседател имаше средба и со македонскиот премиер Никола Груевски, каде повторно беа поздравени традиционално добрите и пријателски односи. Груевски истакнал дека Македонија е заинтересирана за поголема економска соработка со Полска и за можностите за раздвижување на инвестициските активности меѓу двете држави. Според премиерот, овде има големи предности и поволности за компаниите кои се решат да инвестираат во некоја од трговски индустриско- развојните зони, како и поволни даночни пакети, намалените административни процедури за водење на бизнис и можноста за ползување на бенефитите од компетитивна работна сила. Претседателот на Полска Коморовски пак истакна дека Република Полска е искрен пријател на Република Македонија и силен поддржувач на нејзините интеграциски напори и процеси.  

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди