17 Декември, 2025
0.0502

Трговската војна со Косово – удар врз македонските шопинг центри!

Објавено во: Економија 10 Септември, 2013 08:49

Добивај вести на Viber

Изминатите години во Скопје се отворија бројни трговски центри, чии газди сметаа токму на купувачите од Косово, како потрошувачки пазар што може да ја оправда големата инвестиција. Доколку трговската војна продолжи и се остварат заканите и за воведување визи за државјаните на Косово тогаш може да се очекува драматично намален проток на патници. Без армијата купувачи од Косово македонските трговски центри може да зјаат празни. Општо е познато дека по отворањето на Скопје Сити Мол, најбројни беа купувачите од Косово, па актуелната трговска војна меѓу двете земји може да нанесе удар и на овој сегмент од економијата. Само во изминативе два дена по воведувањето на мерките за плаќање за влез на државјани на Косово во Македонија протокот се намали за 30 тина проценти. За случувањата меѓу Македонија и Косово веќе се побунија земјоделците, камионџиите, бизнисмените. Очекуваат смирување на состојбата наместо ескалација. Од Стопанската Комора на Македонија предупредуваат дека ако продолжи трговската војна, тогаш најмногу корист ќе имаат другите земји извозници во Косово како Србија и Босна Херцеговина, кои лесно може да ги заменат македонските производи на косовскиот пазар. До синоќа немаше решение меѓу двете земји. На Блаце беше нервозно и во текот на ноќта, откако камионџиите во знак на протест ја блокираа границата.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди