15 Јануари, 2025
0.0405

Три илјади деца биле на бесплатен одмор

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

 Можноста да отидат на  бесплатен одмор ја искористиле вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик, на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година.

- Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат на летен или на зимски одмор, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Тој додаде дека поради успешно спроведениот проект, се размислува тој да продолжи да се реализира и годинава, за што, како што истакна се предвидени средства, но треба да се сочека Владата да донесе одлука.

Децата, од семејства во социјален ризик корисници на социјална помош, или деца корисници на посебен додаток, имаа можност да се одмараат седум дена со посебни едукативни активности во летниот или зимскиот период. За време на одморот била спроведувана и програма со културно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности за развивање на психомоторните способности и способноста за договарање, почитување на разликите и соработка во групи.

Министерот за труд и социјална политика изрази благодарност до Црвениот крст на Република Мкаедонија, кој со своите волонери помогна во реализацијата на однорот, до Алкалоид за донација од заштитни креи и креми за сончање, Агенцијата за управување со одземен имот која обезбеди зимска опрема за децата и до ЕВН.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања