Tри физички лица и едно правно се обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2022 18:02
Обвинителен предлог има против три физички лица и едно правно за пожарот во модуларната болница во Тетово која се случи на 8 септември лани и однесе 14 жртви.
Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело за кое се товарат прво и второобвинетиот во Предлогот на тетовското Обвинителство, а непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е делото што му е припишано на третообвинетиот.
Две кривични дела се однесуваат за правното лице – предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Вештачење за причините на пожарот спроведоа и експерти од Германија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) изготви извештај кој го објави по околу еден месец од трагичниот настан во кој се тврдеше дека пожарот настанал како последица од спој преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилаторот со кој се вршела реанимација на еден од пациентите.
Можеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




