ТРИ ЗЕМЈИ ЌЕ СОРАБОТУВААТ: Во Европа ќе следат Ковид - 19 контакти и преку граница
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
Европа ќе следи Ковид-19 контакти и преку граници.
Германија, Ирска и Италија донесоа одлука за соработка, и апликациите за следење на контакти ќе следат контакти и надвор од границите на секоја држава поединечно.
Германската Corona-Warn-App, ирскиот COVID tracker, и италијанската Immuni app ќе ги споделуваат податоците. Ова ќе овозможи следење на контакти за корисници кои се движат преку границите. Апликацијата во овие држави ќе работи исто како во домашната држава.
Во следните неколку недели се очекуваат уште апликации да се приклучат на оваа листа со интероперабилност. Барем 18 национални апликации се компатибилни и можат да бидат додадени, пренесе TechCrunch.
Во Европа вирусот забрзано се шири. Повеќето земји враќаат рестрикции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.