17 Декември, 2025
0.0663

Трифонов: Важно е да се биде потивок од водата и пониско од тревата за да не ги налутиме големите сили

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2022 15:21

Добивај вести на Viber

Претседателот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов ги опцу пратениците кои гласале за францускиот предлог.

Тој пак повтори дека не го признаат македонскиот јазик, и дека важни се правата на Бугарите во Македонија. 

„Буквално до вчера за Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, а Христо Иванов од ДБ да комуницира со ГЕРБ и ДПС беше невозможно и моделот „ГЕРБ и ДПС“ требаше да се исчисти од лицето на политичкиот живот во Бугарија. Денеска се прегрнати Кирил Петков, Христо Иванов, Дељан Пеевски и Бојко Борисов. Достоинството и националната самодоверба во мајчина. Ја донесов мојата одлука и денес стана јасно зошто! А човековите права на Бугарите во Македонија и тоа што не го признаваме таканаречениот „македонски јазик“, и јазикот на омразата кон Бугарите – ова не е важно. Важно е да се биде потивок од водата и пониско од тревата за да не ги налутиме големите сили. Како и секогаш. Таков е животот. Живееме во такви тешки времиња и очигледно секој треба сам да одлучи. П.С. Темата за Северна Македонија беше прогласена за „црвена линија“ за БСП. Денеска БСП ја проголта својата „црвена линија“, гласаше воздржано и го предаде бугарскиот национален интерес. „Црвената линија“ или власта на секоја цена, г-ѓа Нинова? И вие го направивте вашиот избор“, пишува Трифонов. 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел кажа дека францускиот предлог не е прифатлив и повика да се почитува македонскиот народ. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков пак го убедува Ковачевски да го прифати францускиот предлог, макар и да падне Владата.  Петков ја поздрави одлуката на Бугарското национално собрание за прифаќање на францускиот предлог за спорот со Македонија, кој беше усвоен со дополнети услови.
Инаку, на Владата на Петков, бугарските пратеници веќе и изгласаа недоверба. 

Можеби ќе ве интересира

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет