Трипуновски повика Ковачевски да не се брука и да го разреши директорот на УХМР
Објавено во: Македонија 31 Август, 2022 18:45
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од УХМР и Владата, а власта излезе со обвинувања за општините.
ВМРО - ДПМНЕ ги посочи според нив главните виновници за последиците од вчерашната непогода, а доказот велат дека лежи во договорот кој Владата три години по ред го склучува со Аероклуб Скопје. Тој предвидува, да ги активира авионите и да го спречи невремето со помош на градобијни ракети, а по претходно предупредување од УХМР.
„Премиерот Ковачевски да не се брука со соопштенија и веднаш да го разреши директорот на УХМР, бидејќи градобијниот систем не функционира“, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ велат дека опозицијата покажала тотално непознавање, не само на функционирањето на локалните самоуправи, туку и на самиот систем за авионско засејување на облаци.
„Што се однесува до споменатиот систем за авионско засејување облаци Трипуновски пред да излезе во јавноста треба да се информира и да знае дека се користи само за реагирање, одбрана и превенција на земјоделски површини. За последните три години, процентот на заштита од град за земјоделските површини е 80 отсто. Но, не е до системот, за Скопје под вода, потфрли локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ”, враќаат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека за хаосот се виновни локалната власт под контрола на ВМРО ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




