15 Јануари, 2025
0.3703

Трошоците за живот во февруари пораснале за 3,5%

Објавено во: Економија 01 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Трошоците за живот во феvруари, споредено со истиот месец лани бележат пораст од 3,5%, додека цените на мало во истиот период пораснале за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците на статистичарите, цените на мало во февруари, споредено со јануари се намалени за 0,1%, додека трошоците за живот во истиот период пораснале за 0,2%. Пораст на трошоците на животот од 0.2% во февруари 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките цени на рибата за 1,9%, млечните производи за 1,5%, преработките од овошје и месото за 0,5%, свежото и киселото млеко за 0,4%, производите од жито и кондиторските производи за 0,3%, преработките од зеленчук, преработките од месо и безалкохолните пијалаци за 0,2%. Во февруари, пораст на трошоците на животот е забележан и кај сообраќајните средства за 4,6%, цврстите горива за 2,4%, средствата за хигиена за 0,9%, нафтените деривати за 0,7%, други медицински производи за 0,6%, електричните апарати за домаќинствата за 0,5%, храната и пијалаците во рестораните и хотелите и останати услуги неспомнати на друго место за 0,4% и лековите за 0,2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2013 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај мастите за 0,4%, овошјето и алкохолните пијалаци за 0,2%. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 6,8%, ПТТ услугите за 2,2%, средствата за образование за 0,8%, обувките, течните горива и гасот за домаќинствата и услугите за образование за 0,4%.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања