ЦЕНТАР ОДЛУЧИ: Референдум за ГТЦ ќе има!
Објавено во: Македонија 30 Март, 2015
После две години водење битка конечно гласот на граѓаните ќе биде слушнат. Советниците на Општина Центар пред неколку минути ја изгласаа одлуката ЗА одржување на РЕФЕРЕНДУМ за зачувување на сегашниот изгледот на ГТЦ.
Имено, пресудни беа 12 гласа „за“, за да падне одлука и општина Центар да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат на изгледот на ГТЦ.
Советниците од коалицијата на СДСМ гласаа за оваа одлука, додека советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 на број беа воздржани.
Градоначалникот Андреј Жерновски, на седницата предложи амандман со кој што се менува референдумското прашање, односно тоа ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ“.