16 Јануари, 2025
0.0271

Центарот за културно наследство со јавна поддршка за референдумот во Општина Центар

Објавено во: Македонија 20 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Центарот за културно наследство изразува јавна поддршка и ја поздравува иницијативата за референдум во во Општина Центар за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот Трговски Центар – Скопје.

Во согласност со а базичните определби на нашата организација поврзани со активности за подобрување на демократските процеси во општеството и зголемување на граѓанската партиципација во заштитата на културното наследство,сметаме дека референдумот ќе овозможи пројавување на граѓанската воља и институционално ќе ја авторизира како конечно решение. Во изминатите години преку низа манифестации граѓаните јасно ја искажаа нивната воља за зачувување на Градскиот трговски центар како свое културно наследство со препознатливи културни и социолошки вредности.Од овде ,никој нема право од било кое ниво на власт да им наметнува туѓо културно наследство.Токму затоа ја поддржуваме иницијативата за овој прв граѓански референдум во Центар која претставува значаен исчекор во развојот на граѓанското општество и активното учество на граѓанинот во процесот на донесување одлуки.Одбраната на овој објект од агресијата на власта и одредени центри на моќ треба да покаже дека начинот на кој се посегнува по било кое културно наследство мора да биде во иднина санкциониран со Закон .Според нас,тоа ќе бидат главните придобивки од референдумот ,чие значење го надминува актуелниот проблем добивајќи поширока димензија во правец на воспоставување на механизми и практики за идна партиципација и консултација на граѓанскиот сектор општо.Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на Општина Центар да ја подржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализраат своето уставно загарантирано право.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено