04 Мај, 2024
0.0253

Црни „мишеви“ во Македонија

Објавено во: Економија, Колумни 07 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Деновиве ја имав таа несреќа да ја прочитам колумната за проблемот на емиграција, на почитуваната ми колешка Каракамишева. И тоа ја читав додека душата ми се топеше со убава македонска музика. Уф, како би сакал да ви пишувам за музиката, за љубовната возвишеност на уметничкото како капиџик кон битието. Не постои друга уметност која толку силно упатува отаде и која толку длабоко ја насетува трансценденцијата. Но, тоа не е тема за денес. Впрочем, експерт за љубовни и духовни теми е колешката ми. Ете, покрај политичките и економските причини за емиграција (какви што ќе најдете во секој речник на поимот „емиграција“), таа воспостави уште една – љубовта! Да, постои и „љубовна емиграција“, драги мои. Но, всушност тука е и проблемот. Кога личностите од јавниот живот, политичарите, политиколозите, правниците...оние што се задолжени да ја водат државата, почнуваат да глаголат за духовни вредности, знајте дека бељата ни е пред порти. За љубовта и духовноста, драги мои, глаголат поетите, поповите и оџите, евентуално психолозите, не политичарите! Никој ниту ги повикал нив, ниту им дал мандат да ми беседат за мојот љубовен или духовен живот. Од овие причини се крајно сомнителни сите кампањи кои се обидуваат да интервенираат во мојот вредносен систем. Тоа е работа на родителите, наставниците, а потоа и стручните лица, не на политички кампањи. Кој си бре ти, кој ти дал мандат да ми тераш кампањи за „семејни вредности“, „за гостопримливост“,  „за љубезност“, „за етика“ и „помагање“ на другиот. Што се занесувате бре – месии! Сите, ама без исклучок баш сите фашистички идеологии како своја diferentiaspecifica ја имаат таа патолошка желба да го превоспитаат своето паство, да превреднуваат, да преумат. Но, драги мои „преумувањето“, „метаноја“–та (metanoía), не е работа на политичарите и политичарот, ами на духовникот и личноста. Мојата лична преобразба е само лична, таа не е социјална категорија! Оттука, неразбирајќи го крајниот индивидуализам на Ниче, кој повикуваше на „превреднување на сите вредности“, доведе до негова злоупотреба вофашистичката идеологија која сакаше да создаде, Надчовек(Übermensch) како колективна категорија. Секој обид личниот подвиг да израснеме во надчовек, да го претвориме во колективно „надчовештво“, мора да заврши фатално! Значи, до тука се разбравме – за моите неисполнети љубови, надежи, страдања и духовност ниту една политика не е повикана. Едноставно нема мандат за тоа! Единствено за што политичкото има мандат е при такви проблеми, произлезени од духовна и лична природа, да ги отклучи сите институционални механизми и на правно-политичко ниво да се справи со нив И ни чекор потаму. На пример ако -„раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутно семејно насилство), се најчестата причина за заминувањето на младите“ – државата е само и единствено повикана да ги реши имотно-правните односи при тој развод, или да се справи со семејниот насилник, или да ја згрижи жртвата на истото тоа семејно насилство. И толку! Таа нема мандат, а дури и да сака не може да ги „преуми“ и превоспита ниту родителите, ниту сопружниците, ниту браќата или сестрите, та ниту насилниците, оти тоа секогаш е личен подвиг надвор од секој јавен дискурс. Затоа, дури и да со согласиме целосно со драгата ми колешка, дека емигрантските мотиви се од целосно духовна, е не од политичка и економска природа, прашањето останува - кои се државните механизми кои се „отклучуваат“ за на институционален план да се амортизираат „духовните болки“ на напатениот ни народ? На пример: се згрижува ли жртвата на семејното насилство? Се справуваат ли институциите со насилникот? Добиваат ли помош самохраните мајки за достоинствен живот? Добиваат ли државни станови тие, или партиските војници? Реагираат ли навремено судовите, извршителите за неисплатени и задоцнети алиментации? Судат ли чесно и неподмитливо судиите при делбата на имотот помеѓу браќата и сестрите? Нуди ли државата заштита на јавно декларираните претставници на ЛГБТ заедницата? Функционираат ли сите алки во образовниот систем за да препознаат депресивно дете, да реагираат и да го упатат до стручните служби и лица? Затоа, драга колешке, оставете ги духовните болки на напатениот ни народец, тоа не е ниту ваша, ниту моја работа (иако јас како етичар делумно и сум повикан за тоа). Да не им ја земаме работата на духовните пастири, поетите, етичарите, психолозите. Средете си го вашиот двор, погрижете се да се отклучи синџирот на механизми во случај на такви лични и семејни трауми. Тоа е работата на државата, до таму и ниту чекор потаму, оти потоа нужно газите на теренот на тоталитарниот ум кој има патолошка желба да ги разбуди, превоспита и преуми своите поданици. Патот до пеколот, секако е поплочен со добри намери. На крајот на краиштата, секој обид „владетелите“ да ги превоспитаат своите поданици завршува трагично, а понекогаш и фарсично. Во нашиот случај е – „се тресеше гората, се роди глушец“!Верувајте, нашата приказна нема да заврши трагично, ами фарсично. Оти овде веројатно саде глувци се изродени, а малку лавови! Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?