18 Декември, 2025
0.0922

ТУКА Е БОЛЕСТА, СПРЕМНОСТА ДА СЕ ПРИФАТИ СЕ ОД БУГАРИЈА Е КОРЕНОТ НА ЗЛОТО - Владимир Милчин со жестока реакција

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 07:05

Добивај вести на Viber

Неприфатливи се барањата на ЕУ и Бугарија, тие се уцени, ултуматум и Македонија треба да прогласи мораториум на овој процес, да се замрзне процесот, вели режисерот и поранешен прв човек на Фондацијата Отворено Општество во земјава, Владимир Милчин, во гостување на ТВ24. Според него, „ова ќе се вози и ќе има постојан притисок“.

Но, тој вели дека во актуелната ситуација, прашање каква е волјата на политичарите за таков мораториум.

„Тука е болеста. Спремноста да се прифати сѐ од Бугарија. Тука е коренот на злото. Криминалот на власта и криминалот на опозицијата. Имаше пред некој ден невреме во Скопје. Видовме колку е нашата централна и локална власт способна да се справи со ваквите ситуации“, вели Милчин.

Тој ја коментираше неодамнешната изјава на германскиот пратеник Михаел Рот дека уставните измени се „ургентни“, велејќи дека не се ургентни, односно дека се лажно итни.

„Ми се крева косата на главата кога ќе ги чујам ваквите ултиматумски пораки. Итноста на промените, кои стануваат уцена, Западот ги бара експресно. Но, тоа не значи дека членството ќе биде експресно. Всушност, спротивно. Дури и кога би прифатиле сѐ од бугарските барања, процесот ќе трае долго, можеби нема ни јас да го дочекам“, рече Милчин.

Тој смета дека Историската комисија ќе потклекне на барањата на Бугарија, според начелниот договор на двете земји рок за година-две да се расчистат овие прашања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери