ТУРЦИ СТУДИРААТ ВО ШТИП: Дали по дипломирањето би работеле во земјава?
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2024
Турците кои студираат во Штип на Универзитетот „Гоце Делчев“ велат дека по дипломирањето нивните сонародници најчесто се враќаат во Турција, таму бараат вработување, а доколку не успеат да најдат добра работа сo посакуваните услови, бараат можности во некоја од европските земји.
Тие се свесни дека Македонија е сиромашна земја и обично не планираат да работат овде. За нив Македонија не е атрактивно место за работа и живеење.
„Сепак, студентите кои дипломираат не бираат да останат во Македонија, туку да се вратат во Турција доколку можат да најдат можност за работа со посакуваната плата. Ако не можат да најдат работа, бараат опција во земјите со висок стандард во Европа. Продолжувањето на животот во Македонија не е атрактивно поради платите и инфлацијата. Генерално, ние турските студенти ја користиме Македонија како отскочна штица. Исто така, факт е дека проблемите во светот предизвикуваат пораст на инфлацијата во сите земји и би било погрешно да се оценува ова само во Македонија“, објаснува Тефик Алп Јигит, турски студент.
Друг студент кој се образува во Штип и веќе го владее македонскиот јазик, објаснува дека македонските плати се ниски и тешко би се решиле да останат тука.
„Најголем дел од студентите се враќаат во Турција, а оттаму можат да заминат во странство, најчесто во Германија“, додава тој.
Oвој млад човек вели дека е добро по студирањето да си отворат своја ординација доколку се во можност и да бидат сами свои газди, да не зависат од друг. Додава дека и во Турција и во Македонија тоа според него е добро решение.
„Дел од студентите кои дипломирале на Штип сакаат да се вратат во Турција, дел да живеат во Македонија, но најголемиот дел од студентите сакаат да заминат во Европа и таму да работат, како мене. Да се најде работа во Турција не е тешко. Само квалитетот на животот во Турција не е многу висок. Куповната моќ е мала. Треба да имаме многу пари за да живееме удобно во Турција. Во друга земја, поудобно е да се живее со ниска плата во споредба со Турција, бидејќи куповната моќ е висока, но и квалитетот на животот е висок“, објаснува студент од Текирдаг.
Македонија има потреба од работна сила. Илјадници работници се потребни во повеќе сектори во државата и газдите имаат проблем да ги обезбедат. Првично се сметаше дека работниците од Непал ќе ги пополнат тие работни места, но потоа во полициските билтени имаше многу пријави дека непалски или работници од Бангладеш избегале од фирмите каде работеле во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други места.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.