ТУРЦИТЕ И НАТАМУ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ: Во јули земјава ја посетиле 53.296 турски туристи
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024
Турците остануваат најбројни гости во Македонија.
И во јули најмногу туристи имало од Турција (53.296), а потоа следи Србија (10.402). Зад нив се Полска со 4.445 туристи, Романија со 3.995 и Германија со 3.318 туристи.
Бројот на туристите во јули 2024 година изнесува 204.336, од кои 41,8 отсто се домашни туристи, а 58,2 отсто се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јули е 756.831, од кои 70,6 отсто се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.
Вкупно 123.931 туристи престојувале покрај езерата, а 50.168 го посетиле Скопје. Веќе неколку години, Турците и туристите од соседните земји се најбројни кај нас.
foto freepik.com