УАПСЕНИ ПЛАТЕНИ УБИЈЦИ ОД СРБИЈА ВО САРАЕВО: Полицијата ги соопшти деталите

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2023
Припадници на МУП на КС вчера уапсиле две лица во зградата на сараевската кула по потерница на Интерпол од Србија, дознава порталот „Аваз“.
Осомничените изнајмиле неколку станови на самиот врв на оваа зграда.
„Аваз“ од извори блиски до полицијата дознава дека се уапсени Душан Јовановиќ Гиба и Дарко Дуловиќ. Тие биле уапсени од страна на МУП на КС, со помош на ОСА која ги лоцирала и разоткрила.
Јовановиќ се поврзува со кланот на Веља Невоља, попознат како Вељко Беливук, но и со Дарко Шариќ.
Бојан Хрватин, сведок во постапката против кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои се обвинети за најтешките кривични дела, при сведочењето во март годинава изнесе низа детали за убиството на двајца скалари на Крф. Алан Кожар и Дамир Хаџиќ беа убиени во јули 2020 година на Крф, а Хрватин тврди дека меѓу џелатите бил и Душан Јовановиќ, познат како Гиба од Карабурма, чиј брат Вук бил ранет во заседа пред зградата каде што живеел.
Медиумите во Србија во ноември минатата година објавија дека Душан Јовановиќ го планирал атентатот на Веселин Милиќ, началникот на белградската полиција, а сето тоа го открија пораките на Скај.
Душан Јовановиќ познат како Гиба е поврзан со водачот на „вештерките“ Никола Вушовиќ Џони и соработникот Дарио Ѓорѓевиќ Декстер.
Го поврзуваат и со Дарко Сариќ. Уапсен е и Дарко Дуловиќ.
Во јуни, Апелациониот суд во Белград ја потврди пресудата на Вишиот суд и го ослободи Дарко Дуловиќ од обвинението за помагање во тешкото убиство на Синиша Милиќ Боскет, кој беше познат како близок соработник на Лука Бојовиќ!
Освен Србија, по овие лица трагаат и други држави. Утврдено е што правеле овде и кого планирале да ликвидираат.
Можеби ќе ве интересира
Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица
