24 Јануари, 2025
0.0271

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром утре учениците ќе се вратат на настава. Бојкотот кој траеше два дена е прекинат по одлука на Советот на родителите во училиштето, кој го прифатил решението проблематичниот третоодделенец да не ја следи физички наставата туку онлајн до крајот на првото полугодие.

За решение на проблемот МОН формираше комисија со претставници на Центарот за социјални работи, кои во наредниот период ќе ја следат состојбата и стручни лица ќе работат со детето со агресивно и асоцијално однесување, вклучувајќи го и неговото семејство.

Проблемот со ученикот се актуализираше по најавата тој да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Бојкот почнаа родители на децата што учат таму, па директорката ја повлече одлуката, а откако детето требаше да се врати на настава во „ОУ „Лазо Ангеловски“, бојкот почнаа и во матичното училиште.

Во решавање на проблемот се вклучи и МОН. Министерката Весна Јаневска минатата недела изјави дека секое дете има право на образование кое е задолжително и дека „детето не може и не смее да остане на улица“. 

- Државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес. Министерството сериозно ќе се заложи да го реши овој проблем иако тоа не се негови ингеренции. Поголеми ингеренции имаат општините, педагошките служби, социјалните служби и управителите на училиштата, рече Јаневска. 

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато