15 Декември, 2025
0.0739

УЧЕНИК ОД ВЕЛЕС ПРЕТЕПА СОУЧЕНИК: Обвинителството поведе постапка за насилството

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024 18:30

Добивај вести на Viber

Обвинителството поведе постапка за случајот во велешко училиште каде ученик претепа друг ученик и му нанесе тешки телесни повреди. 

Основното јавно обвинителство Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште. 

„Во постапката се преземаат повеќе дејствија за овој случај од страна на повеќе лица и институции“, велат од  ОЈО-Велес.

Цветанка Боговеска, јавна обвинителка за подрачјето на Општина Велес, денеска изјави дека полицијата во петокот, 6 декември, во Јавното обвинителство Велес испратила известување за инцидент во кој врсник и соученик во ООУ „Блаже Конески“ претепал и тешко повредил 12-годишно дете. Инцидентот се случил на 20 ноември во училиштето, кога за време на одмор, 12-годишниот ученик повредил врсник од одделениот и му нанел тешка повреда на главата.

Повредениот ученик од Општата болница во Велес  итно е пренесен на Клиниката за неврологија во Скопје, од каде по неколкудневно болнички престој е пуштен на домашно лекување.

Врсничното насилство е сериозен проблем во Македонија. Деновиве две основни училишта во Скопје бојкотираа настава поради насилен ученик. Претходно во Ѓорче Петров, двајца ученици со тврд предмет се обиделе да силуваат ученик. 

фото: Google Street View

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење