15 Јануари, 2025
0.2585

УЈП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за соработка

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во насока на соодветна примена на законите од областа на даночното законодавство денеска потпишаа меморандум  директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.

Меморандумот предвидува низа активности, спроведување обуки на судиите, јавните обвинители и други целни групи за нивно континуирано стручно усворшување, донирање стручна литература од областа на даночното право, обуки за службените лица од одделнијата за финансиско работење во судовите и јавните обвинителства, развивање е-леарнинг модули за даночно право наменети за обука на судиите и јавните обвинители, како и соработка и размена на практични искуства од областа на даноците и другите јавни давачки со Даночната академија при УЈП.

- Со Меморандумот предвидено е имплементирање нови методи на соработка во делот на развојот и модулот за електронско учење на судиите и обвинителите од областа на даночното право, како и отворање пристап до даночната библиотека со која располага УЈП и е единствена во Републикава и во регионот, рече Трајковски.

Управата за јавни приходи, како што рече Трајковски, во принцип е застапена во две групи предмети и тоа спорови кои се водат пред Управниот суд и кривичните предмети каде УЈП се јавува како пријавител пред Јавното обвинителство за даночно затајување. - Во тој сегмент потребно е многу работа како во Управата, така и еден поширок пристап од страна на обвинителите за да се дојде до суштината на даноците и едно точно поимање што е тоа даночно затајување, рече Трајковски.

Меморандумот за соработка, како што посочи директорката Арнаудовска е само официјализирање на успешната соработка која Академијата ја има со УЈП.

- Соработката ќе се остварува во делот на јакнење на капацитетите на управното судство за примена на домашното и меѓународното даночно законодавство, но и  на процесното и на материјалното. Новата надлежност на Управата во делот на извршувањето на паричните казни, наплатата на трошоците во процесните постапки ќе биде од значење за користење на експертската помош од Управата за обучување на судските служби, во делот на надлежностите на УЈП во борбата со корупцијата, судир на интереси и анкетните листовии, рече Арнаудовска.

-  Академијата како и вообичаено во пресрет на сите избори спроведува обуки за судиите и обвинителите во делот на измените на изборното законодавство, па и во тој дел ќе ги слушнеме експертските мислења на УЈП. Но  и повратно и нашите судии и обвинители ќе бидат добредојдени во обуките што ги организира Даночната академија во делот на прекршочните санкции, истакна Арнаудовска.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со контролата на изборното законодавство, односно финансирањето на изборните кампањи и на политичките партии, Трајковски рече дека тоа е во надлежност на Државниот завод за ревизија.

- Секогаш ги сочекуваме извештаите на Државниот завод за ревизија и онаму каде што упатуваат на одредни неправилности кај правните субјекти што се даночни обврзници, значи делот на стопанството кој може да се јави како донатор или спонзор на политичка партија во изборна кампања постапуваме и преземаме се што е во наша надлежност, рече Трајковски.

Тој посочи дека во ваков случај најчесто се пречекорува лимитот на дозволените донации.

- Во законот точно е утврдено колку може да биде донацијата. Тоа е пет отсто од вкупниот приход искажан во претходната година. Особено во ваква изборна кампања која е пролетна кога се има предвид дека со 28 февруари фирмите ќе ги дадат годишните сметки и ќе ги имаме состојбите во 2012 година, тука можат да се јават и пречекорувања на прагот од пет проценти донација, додаде тој.

На прашање кога УЈП ќе инсталира софтвер за пречекорување на даночното ослободување, Трајковски одговори дека софтверот е техничко прашање и тоа е веќе сработено на ниво на УЈП, додавајќи дека во моментов се очекува законската измена која е веќе во владина процедура.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања