Украдени 40.000 Samsung производи вредни 6 милиони долари
Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2014 15:41
Копманијта Samsung доживеа голема кражба која потсеќа на оние од филмовите. Сепак, оваа кражба нема многу врска со Холивуд, со оглед на тоа дека се одигра во Бразил. Како што пренесуваат медиумите, 20 добро организирани лица учествувале во акцијата која се одвиваше доцна вечерта во понеделникот во фабриката на Samsung.
Групата го пресретнала автобусот на компанијата и успеала да дојде до фабриката. Биле заробени осум вработени, од кои крадците ги земале легитимациите како би влегле во кругот на фабриката, додека двајца се задржани како заложници. Тие го преминале обезбедувањето и наредните три часа ги поминале пакувајќи ги уредите во возилата со кои би требало да ги однесат.
Се истакнува дека дури седум камиони се искористени како би се транспортирале уредите вредни 6 милиони долари, меѓу кои се телефони, лаптопи и друга електроника.
Ниту еден вработен не е повреден во текот на оваа акција, а една од првите работи кои полицијата ќе ги истражи се дали ова било„внатрешна работа“, односно дали некој вантре од компанијата им помогнал на крадците.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




