29 Март, 2024
0.0750

Украдени боците со кислород на д-р Петков

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Водачот на Меѓународната Еверест експедиција 2018 во која беше и гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков, англичанецот Тим Моусдејл, на социјалните мрежи преку кои известуваше за текот на мисијата, објави дека им биле украдени боците со кислород и тоа било причината за смртта на македонскиот ентузијаст.

Тоа го констатирале на 18 мај во вечерните часови. Екипата била видно вознемирена од недостатокот на опремата – боците со кислород, бидејќи тие се неопходни на висини над 4-5.000 метри, поради разредениот воздух и слабата концентрација на кислород. Наместо редовната почивка во 19 часот, кога членовите на експедицијата одат на спиење, зошто искачувањата им почнуваат со првите зраци на зората во 3:30 часот, таа ноќ останале без сон дури до 8:56 вечерта кога е објавен постот.

– Боци со кислород им недостасуваат на неколку тимови, како и на нашиот тим. Тоа не само што го загрозува текот на експедицијата, туку и животот на планинарите. Какво гадно однесување, напишал водачот на групата меѓународни алпинисти Тим Моусдејл.

Во коментар на постот, следбеник на Еверест Експедицијата 2018, Karen Appleby напишал, обраќајќи му се на водачот на експедицијата:

– Не можам да верувам дека луѓето го прават тоа повторно оваа година, Тим. Навистина, тимската работа потребна за искачување на ова ниво ќе ги научи луѓето да не прават нешто толку себично и одвратно. Дали нивните лидери на експедицијата не ги водат правилно, или дали се соучесници во кражбата? Ако некој умре, во најмала рака ќе биде виновен за убиство!

Во истиот пост, Тим со искажаната грижа за украдените боци кислород, лидерот на Еверест Експедицијата 2018, најавува дека тој, Марк и Георги Петков утрешниот ден 19 мај тргнуваат од базниот Камп 2 на нова висинска точка од Еверест – Кампот Ц 3 кој се наоѓа на 7.200 метри надморска височина.

Така и се случило. Утредента, иако без опрема со кислород, трочлениот тим на алпинисти се упатил и стасал на Кампот 3. Бидејќи се поминала висинска релација од близу 2.000 метри за еден ден, екипата останала да преноќи една вечер, за следниот ден на 20 мај утрото да се упатат на финалната рута на освојување на врвот Монт Еверест со додатните 1.648 метри висинска разлика до врвот (8.848 м.н.в.)

На висина од 7.200 метри, пред подготовките за искачување кон врвот Монт Еверест ,нашиот гевгелиски планинар и алпинист д-р Георги Петков, колабирал и му престанала срцевата активност. Тамошните членови на екипата, изјавиле дека се работи веројатно за срцев удар, бидејќи не се освестил после колабирањето.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“