Украина се подготвува за војна со Русија
Објавено во: Свет 20 Мај, 2015 20:38
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина е во "вистинска војна" со Русија и дека Москва се подготвува за големата офанзива во летото.
"Битката не ни е со проруски сепаратисти, а со самата Русија и доказ за тоа е фаќањето на борци од нејзините специјалците", објасни тој за ББС. И додаде дека нема никаква доверба во рускиот колега Владимир Путин.
Против руските граѓани Александар Александров и Евгени Ерофеев, за кои Киев тврди дека служеле во специјалците на руското воено разузнавање ГРУ, вчера беа покренати обвиненија за терористички активности.
А руски опозициски блогери велат дека на три места во Русија пронашле гробници на уште тројца специјалци кои биле убиени во Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека "радикалите во Киев и во некои други престолнини", се обидуваат да провоцираат ескалација на конфликтот, што требало да предизвика "ужасни последици" и за Украина, и за целиот систем за безбедност во Европа. "Сметаме дека САД нема да дозволат нови воени авантури на Киев", рече тој.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




