УКРАИНЕЦ – НУРКАЧ ВИНОВЕН ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА СЕВЕРЕН ТЕК: Германија издаде европска потерница и налог за апсење
Објавено во: Свет 14 Август, 2024 13:16
Германија издаде
европска потерница за украински инструктор по нуркање, кој наводно бил дел од
тимот што го разнел гасоводот Северен тек, објавија во средата три германски
медиуми.
Германските истражители веруваат дека човекот, чија последна позната адреса е во Полска, бил еден од нуркачите кои поставиле експлозивни направи на гасовод од Русија до Германија под Балтичкото Море во септември 2022 година.
Ова го објавија Die Zeit и телевизијата ARD, повикувајќи се на неименувани извори, објавени од Current Time - медиумски проект на руски јазик што го води РСЕ во соработка со Гласот на Америка.
Германското обвинителство одби да ги коментира извештаите. Во јуни, Германија побарала од Полска да го уапси човекот, се вели во извештајот.
Полска денеска потврди дека добила германска потерница за Украинец осомничен за саботажа на гасоводот Северен тек во 2022 година.
Полските обвинители изјавија за АФП дека добиле налог за „Володимир З“ во јуни „во врска со постапката против него во Германија“, но осомничениот заминал за Украина пред да биде приведен.
фото: EPA-EFE/Danish Defence CommandМожеби ќе ве интересира
УКРАИНА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ: На екранот на Фокс њуз пишувало дека Киев е во Русија

ОРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА: Зеленски соопшти колку напади и гранатирања извршила Русија

УНИКАТЕН ПОДАРОК: Што му даде Путин на патријархот Московски?

АРГЕНТИНА, ЧИЛЕ, БУТАН: Koи земји би биле најбезбедни во случај на светска војна?

(ВИДЕО) САМО 6.000 ДОБИЛЕ ДОЗВОЛА: Израел не дозволи многу Палестинци христијани да дојдат во Ерусалим

ИМА ДРУГИ МОЖНОСТИ: Келог вели дека Украина нема да влезе во НАТО

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА: Незадоволни се од Трамп и Маск

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО СТОРИТЕЛИТЕ: Двојно убиство ја погоди Германија

ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск
