29 Јуни, 2024
0.0279

УНЕСКО донесе одлука за Охрид: Дадена уште една последна шанса

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

УНЕСКО го прифати барањето на македонската централна и локална власт и одлучи до февруари следната година да им го даде потребниот рок да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства. Главното барање на УНЕСКО е прогласување на мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Тоа значи дека засега Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје. На дебатата во Баку пред два дена министерот без ресор, Едмонд Адеми, побара дополнителен рок до февруари 2020, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.

И охридскиот градоначланик Констанин Георгиевски кој исто така е во Баку очекуваше дека Македонија же добие уште една шанса да се исполнат мерките за заштита на Охрид и да се справи содивоградбите.

„Од голем број земји членки на Комитетот,  е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство“ напиша Георгиевски на својот ФБ профил.

За разлика од владините преставници, невладиниот сектор побара УНЕСКО без одложување да го стави Охрид на листата на земји со загрозено наследство.

Власта треба до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за да се испита.

Од македонската делегација зборуваше министерот Едмонд Адеми, кој кажа дека Владата ја запрела изградбата на ски-центарот на Галичица и дека редовно се проверува квалитетот на водата, а формиран е Координативен тим кој ќе работи на исполнување на сите препораки. Од владината делегација исто така информираа дека дел од градбите кои беа спорни се веќе стопирани, а дека интензивно се работи и на реализацијата на сите останати забелешки кои претходно ги наведе УНЕСКО.


Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ