Унгарија нема да преговара за санкции за рускиот гас и нафта
Објавено во: Свет 28 Август, 2022
Унгарија нема да преговара за енергетски санкции било да се работи за нафта или гас.
Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто ги потврди позициите на земјата. Вели дека „храброста на унгарската влада“ ѝ помогна на Будимпешта да го издржи притисокот од Брисел. Сијарто рече дека рускиот гас не може да се замени во догледна иднина.
Министерот за надворешни работи додаде дека „главно погрешниот одговор на санкциите“ на руската воена кампања е еден од факторите што ја поттикнува инфлацијата.
Шефот на унгарската дипломатија вели дека светот не се состои само од Америка и Европа и дека земјите од Истокот станале двигател на економските промени во светот.
Унгарија, чија економија е силно зависна од нафтата и гасот од Русија, беше изземена од забраната на руската нафта ширум ЕУ во мај. Унијата го забрани увозот на нафта по морски пат, но Унгарија продолжува да прима пратки преку гасоводот. Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец изјави дека Европа „сама си пукала во белите дробови“ со своите непромислени санкции против Русија.
САД и ЕУ воведоа повеќе сетови на санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.