17 Ноември, 2025
0.1400

УНИБАНКА СО ГОЛЕМ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ – за девет месеци успеале да заработат над 29 милиони евра

Објавено во: Финансии 03 Ноември, 2025 07:31

Добивај вести на Viber

Уште една домашна банка успеа да оствари солиден раст на приходите од почетокот на годината, па се до крајот на септември. 

УНИБанка согласно објавата на Македонска берза, може да се пофали со успех, бидејќи заклучно со третиот квартал од 2025 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на планираните банкарски активности, и со кои достигнале приход кој со груби пресметки надминува 29 милиони евра. 

 - Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.788 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 3,7 отсто – се посочува во Билансот на успех на банката доставен до Македонска берза. 

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 339 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи. 

- Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65,6 проценти имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2024 година се зголемени за 3 отсто, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население – се нагласува во извештајот. 

Расходите на УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.448 милиони денари и бележат зголемување од 4,4 проценти во однос на истиот период од 2024 година. 

Зголемувањето на расходите се должи, пред се зголемувањето на расходите за камати, провизии и трошоците за вработени. Во првoто полугодие од 2025 година, банката има исплатено дивиденди во износ од 211 милиони денари или 387 денари бруто износ по акција од остварената добивка во 2024 година. 

- УНИБанка има за цел во 2025 година да го зголеми бројот на дигитални корисници и клиенти, кои во пракса ќе ги почувствуваат ефектите од намалувањето на трошоците во нивното работење. Постојано се воведуваат нови иновативни мобилни банкарски решенија со кои уште повеќе се овозможува персонализирано корисничко искуство и поголемо задоволство при реализацијата на банкарските операции. 

Стратегијата на УНИБанка за 2025 година е фокусирана на неколку клучни цели, а тоа е продолжување на растот на активата и на пазарниот дел, со повисоко ниво на ризик во портфолиото и повисоко ниво на РОЕ – се нагласува во извештајот. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна

Како Кина го турка доларот - глобалната улога на јуанот станува сè посилна

Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки

Балканците кои заминаа да работат во оваа земја се враќаат полни со пари: Поблиску е од Германија, а платите се многу повисоки

Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража

Кога километражата „зборува лага“: Илјадници Македонци купуваат автомобили со вратена километража

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

Царини и за пратки под 150 евра – еве од кога важи новата одлука

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси“: Николовски за зголемената наплата на Царина и растот на приходите

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица

(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица