19 Декември, 2025
0.0509

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје одбележува една деценија со меѓународна научна коференција и свечено доделување на дипломи

Објавено во: Мои пари 12 Октомври, 2016 11:57

Добивај вести на Viber

На 8ми Октомври (сабота) 2016та година со два големи настана Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ја заокружи својата прва деценија: меѓународен научен конгрес ICON BEST и свечена академија и церемонија за доделување дипломи. Имено, УТМС е по петти пат домаќин и организатор на меѓународниот научен конгрес ICON BEST кој оваа година се организираше под темата: Глобалните трендови на туризмот во 21виот век во партнерство со Светската академија за науки и уметности обединувајќи еминентни панелисти, истражувачи и научници од 14 земји од светот од сите континенти.

Официјалниот почеток на конгресот го означи проф. д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот Факултет на УТМС и проректор за наука и развој и воедно претседател на организацискиот одбор на конгресот, воведувајќи ја публиката во темата.

Конгресот го отвори ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски кој во своето почесно обраќање ја потенцираше значајноста на мултидисциплинарнсота темата на конгресот, трасирајќи позитивен пример преку овој конгрес во правец на истакнување на меѓународната соработка и вклучувањето на клучните панелисти на петтиот јубелиеен конгрес што е особено значење не само за УТМС, туку и за Македонија.

Токму на таа поента се надоврза клучниот говорник Академик Гери Џејкобс, директор на Светската академија на науки и уметностисо чие партнерство беше организиран овогодинешниот конгрес, кој говореше за важноста на методологијата и концептот на образованието во правец на пресретнување на сегашната но и идната динамика на глобалниот бизнис.

Веднаш потоа се обрати и проф. Денис Гаш, претседател на Интернационалното собрание на колегиумот на бизнис едукатори (IACBE) кој во своето обраќање на тема: Процес на интернационална акредитација и стандарди за квалитет ја потенцираше важноста на меѓународната соработка во полето на високото образование во правец на изедначување на стандардите глобално.

Не помалку важно, со силни аспекти на динамизирање на промените, еминентната проф. д-р Амелија Томашевиќ од Загребскиот Универзитет ВЕРН, се осврна на корпоративната култура како најсилен мотор во процесот на унапредување на хотелиерството и воопшто глобалниот туризам.

Овој панел еловентно беше заокружен со обраќањето на почесниот проф. д-р Зоран Ивановиќ од Факултетот за менаџмент на туризам и угостителство од Опатија, кој умешно обединувајќи ги сите предвидени области од програмата на конгресот пеонтираше кон неодложната важност на комплементирање на науката и бизнисот, а се во правец на адаптибилност кон динамиката на проментите и постојан и одржлив развој.

Во попладневната сесија, панелистите дискутираа на темата на конгресот пренесувајќи ги искуствата од земјите и регионите каде делуваат и при тоа поттикнаа одлична конструктивна меѓусебна комуникација.

Истражувачките трудови ќе бидат објавени во зборникот на конференцијата, а селектираните најдобри трудови ќе добијат можност за објава во меѓународното научно списание на УТМС – Journal of Economics.

Вториот дел од означувањето на јубилејот УТМС го спроведе преку грандиозна и уникатна церемонија во Македонскиот народен театар во Скопје, каде се оддржасвечената промоција на осмата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на шестата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии.

Во обраќањето на дипломците, студентите и публиката Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски ја потенцираше моќта на знаењето, посветеноста кон работата, заложбите за интернационализација на УТМС во насока на постојано иновирање и креативно реализирање на наставата преку која студентите се стекнуваат со квалитетни теоретски и применливи знаења, а со тоа се профилираат како високо конкурентни на пазарот на трудот. Во тој контекст Ректорот истакна: „ Драги магистри и дипломци, со споменување на името на оваа ваша многу угледна и престижна високо-образовна институција, се здобивате со референца која Ви овозможува да бидете силна конкуренција на пазарот на трудот. Ние сите веруваме и очекуваме, дека оваа генерација, како гордост на своите драги родители, и понатака ќе биде гордост на овој Универзитет, дека успешно ќе се вработите на најпрестижните работни позиции, при што Вашата диплома ќе ја прифатат во непосредна пракса, прифатена како диплома позната и призната на универзитетите во светот“.
На промоцијата на дипломираните студенти, присуствуваа и истакнати личности од високообразовната дејност во Република Македонија, но и од странство. По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите во воздух, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости.

Повеќе информации за овогодинешниот ICON BEST:

http://iconbest.utms.edu.mk/

Повеќе информации за минатите изданија на ICON BEST:

http://www.utms.edu.mk/vesti-za-utms/item/3699-na-utms-se-odrzha-chetvrtiot-internacionalen-nauchen-kongres-iconbest-2015

http://iconbest.utms.edu.mk/iconbest-2015

Повеќе информации за актовностите на УТМС:

http://www.utms.edu.mk/

https://www.facebook.com/UTMS.Skopje


Можеби ќе ве интересира

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА