17 Декември, 2025
0.0628

УПОЗ: Наместо да се „тепаат“ во Собрание да не одат во пензија, имаме многу кадри кои чекаат да станат судии и обвинители

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 09:45

Добивај вести на Viber

УПОЗ, синдикатот кој ја застапува администрацијата, се огласи претпладнево откако вчера во Собранието не успеа иницијативата на владеачкото мнозинство да им го продолжи „векот“ на 60 судии и 13 обвинители со законско продолжување на рокот на нивното пензионирање.
Од синдикалната организација реагираат дека има голем број на стручни соработници, кои ги исполнуваат условите да станат нови судии и обвинители, но и дека не можат тоа да го остварат затоа што „така на некому му одговара“.
- Наместо да се “тепаат” во Собрание, за продолжување на мандатите на судиите и јавните обвинители, спротивно на Устав и Закони, нека погледнат во сопствените дворови и ќе видат дека има над 300 стручни сорабоници во судовите и јавните обвинителства, кои и те како ги исполнуваат условите за избор на судии и обвинители.

Синдикатот на УПОЗ уште пред неколку години, достави предлози до надлежните органи, стручните соработници од судовите и јавните обвинителства со долгогодишно работно искуство да имаат можност, со обука во траење од три до шест месеци, да бидат избрани за судии и обвинители. Одговор до ден денес немаме добиено.

Дрското кршење на Уставот и Законите, само за одредена категорија на вработени, е класична дискриминација на сите останати граѓани/вработени во општеството. Да се даде огромно право на Судскиот совет, да продолжува мандати на кого сака и кога сака, а притоа да ги избегнува сите барања за средба со Синдикатот на УПОЗ, ја прави оваа институција автократна а Претседателот на институцијата апсолутен владете, реагираат од УПОЗ.

Инаку ќе нема измени на Законот за работни односи и 60-ина судии и 13 обвинители од утре одат наеднаш во пензија. Владејачкото мнозинство во Парламентот не успеа да ги донесе измените на Законот за работни односи. Со пензионирањето на судиите многу тековни судски предмети ќе се вратат на почеток. Во собраниските комисии опозицијата жестоко ги бранеше предизвикувајќи и инциденти,

Според образложението на предлог-измените на Законот за работните односи, чиј предлагач е Министерството за труд и социјална политика, продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители до 67 години старост е од суштински јавен интерес и ќе овозможи моментално непречено извршување на судската власт како есенција на владеењето на правото.

- Стручните соработници со судовите и обвинителствата, ги извршуваат истите работни задачи како и судиите, за трипати пониска плата и поголема одговорност.

П.С. Дали фактот дека Академијата за судии и јавни обвинители која е преполна со деца на функционери, има врска со предложената законска измена?, прашуваат од УПОЗ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски