18 Декември, 2025
0.0454

Управителот на „Терминал-Комуналец“ во Прилеп отишол да работи во Хрватска, обвини СДСМ

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 18:18

Добивај вести на Viber

Управителот на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, Мартин Ачкоски зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во Хрватска, објавија денеска од СДСМ. 

Од СДСМ – Прилеп велат дека дозвола за ова Ачкоски имал од директорот на ЈКП Комуналец Рубин Абрашоски. Како доказ дека Ачкоски навистина заминал во странство додека извршувал функција на управител, од СДСМ Прилеп го посочуваат дописот од 28 јуни со кој овластил две лица од претпријатието – референтот на сметководство и набавувачот во трпезарија, во негово отсуство да го користат факсимилот, односно неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, склучување и раскинување на договори за тир-паркингот и за кетеринг службата.

„Во пишаниот документ кој анонимно беше доставен до СДСМ Прилеп Ачкоски нагласил дека факсимилот можат да го користат единствено и само со негова претходна согласност дадена преку социјални мрежи, СМС, вибер, ватс-ап, месинџер или мејл. Напоменувајќи дека овластувањето важи од денот на неговото издавање и се однесува на севкупниот период на неговото отсуство од работа, управителот Мартин Ачкоски зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во едно од туристичките места во Хрватска со амин на директорот на ЈКП Комуналец Рубин Абрашоски“, велат од СДСМ Прилеп.

Велат дека вработените во „Терминал – Комуналец“ три месеци не зеле плата, а сметката на претпријатието е блокирана поради неплатен ДДВ.

Од СДСМ Прилеп уште истакнуваат дека пред два дена Управниот одбор на ЈКП „Комуналец“ го разрешил Ачкоски од функцијата управител на Терминалот, но бараат градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески веднаш да го разреши директорот на „Комуналец“, Рубин Абрашоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери