УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМУНАЛНА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: „При крај се резервите со нафта, ако Арсовска не назначи нов в.д. директор, одговорноста ќе биде нејзина!“
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2025 13:06
Од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ ги вперија прсстите кон градоначалничката Данела Арсовска и побараа да назначи в.д. директор затоа што претпријатието има мали резерви на нафта.
Во прилог ургенцијата од нив:
„Почитувана г-ѓо Арсовска,
Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за назначување и разрешување директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво вие.
Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена – Скопје (во прилог), исклучиво вие како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, имајќи го предвид дека состојбата во претпријатието итно го налага тоа.
Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму вие именувавте пет в.д. директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив.
За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјализирани комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д. директор. Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ваша.
Од наведените причини, Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје бара од вас итно да назначите нов в.д. директор кој ќе раководи со претпријатието, во насока на остварување на примарната дејност на претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје.
Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје:
Јулијана Спировска
Ерџан Демир
Анета Гоцева
Персида Отовиќ Стојановска
Гордана Велковска
Теута Џафери
Јуљмие Хаскај
Мируше Лимани Јашари
Влатко Митовски
Јане Попоски
Христина Јовановска
Тодор Шоптгарјанов“, се вели во текстот.





Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




