04 Мај, 2024
0.0290

Упс, извини! Извинето?!

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Откако директорот на Канал 5,  Иван Мирчевски  јавно му се извини на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност  Роберт Поповски за погрешното известување на телевизијата за време на претходната власт, не стивнуваат реакциите во јавноста. Социјалните мрежи зовреа. Најмногу со критики до Мирчевски кој во обид да ја оправда “позицијата”  сериозно го отвори прашањето дали медиумите во земјава се заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси.

Едно од најзначајните прашања во медиумската сфера во Македонија  е улогата на медиумите во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес, клучен за развојот на демократијата.

Битката за слобода на медиумите според дел од познавачите  и денес ги бранува духовите, без оглед дали се работи за слобода на прибирање, објавување и пренесување на информации, отвореност за изразување на различни мислења и уверувања или почитување на приватноста и достоинството. Симбиозата меѓу владејачката политичка елита и медиумските сопственици – бизнисмени  во минатотот ја детерминираше структурата и содржината на медиумските  производи со  директно  влијае врз „способноста“ на новинарите за критичко опсервирање на општествените настани.

Во слободни и демократски земји медиумите и новинарите работат во интерес на граѓаните, а не за владите и политичките партии. Ако некој медиум смета дека се однесувал непрофесионално за време на владеењето на режимот на Груевски не треба да бара извинување на новата влада, туку од македонските граѓани- вели претседателот на Здруежението на новинари Насер Селмани.

Новата власт според него  има обврска да создаде услови ваква злоупотреба на медиуми никогаш да не се повтори, а не да ја оценува работата на медиумите во минатото.

“Ваквата состојба ја потврдува и оценката на Европската комисија изнесена во годинешниот извештај за напредокот на Македонија дека медиумскиот регулатор и институциите немаат капацитет да го идентификуваат и спречат дослухот помеѓу сопствениците на медиумите и политичарите. Овој дослух влијае врз уредништвото, тврди ЕУ во извештајот. Вчерашниот инцидент е најдобра потврда дека дослухот на сопствениците на медиумите и политиката продолжува на штета на македонските граѓани и самите медиуми и новинари”- потенцира Селмани.

Оттука  на клучните редакциски позиции често биле  именувани лојални послушници, а оние кои ќе покажат автономност се маргинализираат и санкционираат. Концентрацијата на сопственоста во  медиумите во рацете на малкумина ја загрозува разновидноста и плурализмот на медиумите, а стремежот за профит директно се одразува  врз уредувачката политика.

Македонија годинава беше  рангирана на 109. место на ранг-листата на организацијата Репортери без граници, односно бележеше подобрување од само две места во споредба со минатата година. Полошо рангирана земја од регионот е само Бугарија, која е на 111 место. Во информацијата за Македонија со наслов „Мало подобрување“, меѓу другото се вели:

„За време на десетте години додека беше премиер, Груевски создаде ниво на контрола на медиумите какво што немаше на Балканот и многу водечки опозициски медиуми мораа да запрат со работа. Пред сѐ, националниот радио и телевизиски радиодифузен сервис сѐ уште му служи на ВМРО. Падот на 'режимот' на Груевски доведе до мало подобрување во делот на владината контрола на медиумите, но сѐ уште е рано за да се биде сигурен во намерите на владата за трајно подобрување на ситуацијата. Нема значајна промена во делот на економската ситуација на македонските новинари, кои вообичаено се слабо платени и имаат мала сигурност на работното место.“

Според Селмани слободните медиуми се гарант за почитување на човековите права, креирање на демократско јавно мислење и доброто владеење, а Македонија нема да стане слободна, демократска европска земја сѐ додека не изградиме медиумски систем, кој ќе ги заштити и промовира основните демократски вредности.

Медиумската легислатива во Македонија според познавачите  ги следи и применува бројните препораки од Европската Унија за унапредување на независноста на медиумите, но таа е нефункционална бидејќи не се имплементира во практиката, а често  паушално и погрешно се толкува или потполно се занемарува.

За прв пат во последниот извештај на Европската комисија  за напредокот на земјава направен е добар прогрес во слободата на изразување, особено во подобрувањето на климата за работа на медиумите и намалување на притисокот врз новинарите.  ЕК  констатира дека медиумите и новинарите од средината на минатата година можат послободно да го критикуваат несоодветното однесување на официјалните претставници, без цензура. Во консултација со разни чинители подготвен е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ЕК укажува дека, сепак, неопходно е натамошно подобрување, вклучувајќи и реформа на јавниот радиодифузен сервис и поголема заштита на новинарите и нивните права. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра