20 Април, 2024
0.1571

УСЕИНИ: Некоректно е да се користи мојот ресторан како дел од проблемите на Охрид со УНЕСКО

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Секојдневно слушам дека одредени медиуми прават репортажи за моите бизниси и компании, а се со цел за дискредитација на моето име и за добивање ситни политички поени, напиша сопственикот на ресторанот кај Чинарот и советник во општина Охрид, Нефи Усеини. Ресторан од кој летната тераса изминатиот период се посочува како дивоградба.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Веќе подолг временски период сум сведок на постојан медиумски притисок поврзан со моето работење и работењето на моите компании.
Секојдневно слушам дека одредени медиуми прават репортажи за моите бизниси и компании, а се со цел за дискредитација на моето име и за добивање ситни политички поени.
Прво сакам да Ви кажам дека компанијата „Нефи ИК“ во чиј склоп е и ресторанот “Луна’’, е компанија која постои повеќе од 10 години и вработува повеќе од 200 вработени и која што уредно ги плаќа обврските и давачките кон Северна Македонија.
Компанија, која е социјално одговорна и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата.
Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса и сум закупец веќе 11 години.
Реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна беше со изработен елаборат кој што се држеше до квадратурата, за која што плаќаме закупнина и која што никако не го наруши зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република и е во согласност со градот Охрид.
Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите.
Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност се додека градот Охрид не одговори по дадениов случај.
Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која што долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани.
Уште еднаш Ви се извинувам ако сум навредил некој медиум или не сум бил секогаш достапен, но сепак во светот на бизнисот , не секогаш го имаме луксузот на време и комоција на достапност.
Ве поканувам во наредниов период сите заинтересирани новинари и медиуми да го посетите објектот и без проблем ќе Ви одговорам на сите Ваши прашања и дилеми, со претставување на целата валидна документација за времениот објект Луна, документите ќе бидат сојузник на вистината, објектот работи 11 години“, вели Усеини во соопштението испратено до медиумите.

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите