Уште два дена до крајот на третиот Саем за деца и родители во Скопје Сити Мол
Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2014 11:28
Во изминатите денови дечињата имаа можност да се дружат и забавуваат на улицата на игри и да набават литература од улицата на книгата, да ја видат детската претстава “Шумски сезнајковци”, да добијат корисни совети од педијатар, нутриционист... За време на саемските денови гости на манифестацијата беа и Максим и Андреј со своите познати родители поп пејачката Кристина Арнаудова и Панчо, едната половина од хип хоп двоецот ДНК.
“Ваквите настани се одлична можност да се дружите со сопственото дете, особено во оваа трка со време кога сите некаде доцниме и немаме време ни за себе. Навистина сум среќен што некому му текнало да организира ваков настан, а особено ми се допадна делот со игрите кои најмладите во оваа компјутерска ера не ни знаат дека постојат и некогаш воопшто постоеле - како плочка, змија... Син ми беше воодушевен од игрите и со внимание, што за него, со оглед на тоа дека е постојано во акција е навистина невообичаено, впиваше сѐ што се случуваше пред неговите очи”, вели Панчо.Во текот на утрешниот ден, кога и ќе биде заокружена манифестацијата посветена на најмладите, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на МКУД “Цветан Димов” и актерите од претставата “Шумски сезнајковци”. Освен за едукација и едукативни игри во склоп на Саемот за деца и родители најмладите посетители на Скопје Сити Мол добија можност да
играат “Не лути се човече”, “Плочка” и “Змија”, игри кои паднаа во сенка на компјутерите и разно-разните социјални мрежи, кои го засенија вистинското дружење и детската игра. Денеска и утре дечињата своите вештини во играњето “Не лути се човече”, “Плочка” и “Змија” ќе можат да ги пробаат во периодот од 17 до 21 часот.
Покрај овие забавни и едукативни содржини дечињата заедно со нивните родители ќе можат да купуваат, и тоа по многу поволни цени со попуст од 15 до 70 отсто низ речиси сите продавници, кои во својот асортиман содржат производи наменети за најмладите, од гардероба до играчки.
Одлични цени има и во делот посветен на храната, каде на располагање се ставени одлични менија, по, исто така, мошне поволни цени.
Третиот традиционален детски саем започна на 15.05.2014 година, а завршува на 20.05.2014.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




