УШТЕ ЕДЕН ЛАЖЕН ТРИК: Игнорирајте ја оваа Фејсбук порака – нема да ви помогне!
Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014 17:43
Законот за Фејсбук, Бернска конвенција и што уште не се споменува во статусите со кои корисниците на Фејсбук сакаат да ги заштитат своите податоци, но објавите се бесмислени.
Фејсбук неодамна ги промени правилата на приватност односно воведе нови можности за подесување и за тоа ги извести корисниците. Секој пат кога тоа се случи се појават синџири на статуси во кои се споменуваат некои закони, прописи или правилности на кои оној кој го објавува тој статус повикува т.е не дозволува Фејсбук да ги користи неговите податоци и прогласува авторски права на своите статуси, податоци и фотографии.
Се работи за, секако безмислен синџир на измами кој го започнал кој знае кој и кој знае кога и кој нема никакво влијание на подесувањата на приватноста на вашиот Фејсбук профил.
Меѓутоа, една од основните работи која како корисник треба да ја знаете е дека подесувањата на приватноста не се менуваат со објавување на статус.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година





Подесувањата на приватноста може да ги промените доколку во главното мени изберете Подесувања па потоа Приватност - тоа е дел каде одредувате кој може да ги види вашите фотографии и статуси, кој може да ве најде по начинот на пребарување, а кој може да ве контактира.Што се однесува до сопственоста и авторските права над фотографиите и статусите - кога сте отварале профил на Фејсбук, сте се согласиле на условите за користење во кои пишува што се Фејсбук следи и на што се има право - а тоа секако не се менува со објававување на статус ниту повикување на Законот за Фејсбук.