Уште еден смртен случај од Западно-нилска треска, почина маж од Чешиново-Облешево
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2024 12:01
Вкупно четири лица годинава починаа од компликации од Западно-нилска треска, откако Институтот за јавно здравје пријави смртен случај на 78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, на Клиниката за инфективни болести.
Заболувањето кај пациентот е пријавено на 12 септември, а лицето починало четири дена подоцна. Симптомите започнале на 9 септември со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39 степени. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот утредента со амбулантно возило од Кочани е пратен во болницата во Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, истиот ден е пратен во Скопје. И покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот починал за време на хоспитализацијата.
„Од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни болести беше информиран за случај со Западно-нилска треска преку добиена Пријава за изолиран/докажан причинител доставена на ден 12.09.2024 година. Одделот за епидемиологија на заразни болести веднаш го информира надлежниот епидемиолог во ЦЈЗ Кочани. Регистрираниот случај е 78-годишно машко лице од општина Чешиново-Облешево, Кочани“, информираше ИЈЗ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




