Уште еден турист загина во Египет од напад на ајкула
Објавено во: Свет 29 Декември, 2024
Повторно е регистриран смртоносен напад на ајкула на туристи во Египет. Еден посетител загина, а друг е повреден во напад на ајкула во одморалиштето Марса Алам.
Смртоносниот исход денеска го потврди египетското Министерство за заштита на животната средина. Идентитетот на нападнатите туристи се уште не е објавен.
Марса Алам се смета за едно од поновите одморалишта во Египет, а се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море.