Уште една европска метропола воведува полициски час
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Октомври, 2020
Главниот град на Италија, Рим од утре ќе се воведе полициски час. Тој ќе трае од полноќ до пет часот наутро. Оваа општа забрана за движење во ноќните часови ќе биде на сила еден месец.
Одлуката ја потпиша гувернерот на Лацио Никола Ѕингарети, а премиерот Џузепе Конте ги замоли Италијанците да го ограничат своето движење и да се воздржат од какви било непотребни активности.
Излегувањето од дома во ноќните часови ќе биде дозволено само за одење на работа и итни ситуации.
Во Италија, во претходните 24 часа беа пријавени 15.000 новоинфицирани со коронавирус.Битката со опасниот вирус ја изгубија скоро 37.000 луѓе.
Франција пак ќе ја прошири општата забрана за движење во ноќните часови на уште десетици области.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.