УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА НАД КОРОНАВИРУСОТ - Дедо од 98 години и баба од 85 ја напуштаат болницата
Објавено во: Свет 12 Март, 2020
Кинескиот научник, кој има 98 години, Хан Тијанки и неговата сопруга, која е на 85-годишна возраст, се опоравиле по 18 дена борба против коронавирусот, во градот Хангжу.
Овој викенд тие конечно ќе бидат пуштени дома. Хан, патем, е многу почитуван астроном во неговата земја, кој со оваа работа се занимава веќе 63 години.
На овој брачен пар болеста им беше дијагностицирана кон средината на февруари, а беа пренесени во болница на 24 февруари, кога нивната состојба се влошила.
Потоа биле испратени на интензивна нега затоа што биле во критична состојба и имало други компликации поради претходни здравствени проблеми.
Нивната внука, Хан Сиџун, ги повика добрите луѓе да даруваат крв за нив ако можат.
„Дедо ми звучеше многу лошо. Му требаше долго време да го препознае мојот глас кога разговаравме по телефон“, рече таа.
Научниците, во теорија, веруваат дека болеста може да биде воздржана од протеините на опоравени пациенти. Така, пациентите можат да ги користат овие антитела како да се свои. Некои кинески болници го користеле овој метод, но само на нивните пациенти, бидејќи сè е во експериментална фаза и нема познат, масовно произведен лек за нов вид коронавирус.
Иако не е познато дали таквата терапија се користела и на парот Хан, нивната состојба започна постепено да се подобрува.
Во меѓувреме, двапати биле тестирани за вирусот и биле негативни.
И една баба од 103 години успешно се опоравила од вирусот.
Фото: Курир РС
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.