Уште колку дена останува Никола Груевски на слобода?
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2018 17:10
До понеделник ќе се знае дали eкс премиерот, Никола Груевски ќе добие одложување или ќе оди на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“.
Пред истекот на рокот Груевски попладнево поднел жалба до кривичниот совет и тој во наредните три дена треба да одлучи дали Груевски ќе добие одлагање на затворската казна од најмногу 3 месеци, или ке ја потврди одлуката на судијата за извршување на санкции, со што ќе треба да се јави во затвор. Претходно и неговите адвокати поднесоа жалби.
Крајната одлука ќе биде донесена најдоцна до понеделник, објаснуваат од судот.
Следна судска инстанца што ќе одлучува за одлагањето на казната ќе биде Врховниот суд.
Подржувачите на Груевски како можност за спас го гледаат претседателот Ѓорѓе Иванов. Тие синоќа пред Кривичниот суд побараа од Иванов да најде решение за да го прекине политичкиот прогон за Груевски. Порачаа дека народот нема да го остави сам Груевски.
Во комисијата за мандатно имунитетни прашања, вчера неговите колеги пратеници од власта дадоа препорака на Груевски да му биде одземен пратеничкиот мандат. Сопратијците на Груевски ја напуштија расправата, а исклучените пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени, рекоа дека нема да поддржат одземање на мандатот на нивниот поранешен лидер. За да му се одземе мандатот на Груевски потребно е дво третинско мнозинство.
За набавка на луксузниот Мерцедес од 600.000 евра, Груевски доби 2 години затвор. Овој предмет го отвори СЈО.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




