13 Февруари, 2025
0.0275

УШТЕ НАГОЛЕМО СЕ ПРЕГОВАРА ВО ЧЕТИРИ ОЧИ - третина од државните претпријатија лани давале работа без оглас

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации го објави истажувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините.

Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 отсто од вкупните јавни набавки на земјата.

Кои се клучните наоди од анализата?

Констатирани се ризици од корупција кои се манифестираат преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 отсто. Највиско ниво на реализација на планот имало АД МИА со 96 отсто, а најниско АД Водостопанство од само еден процент.

Концентрацијата на една фирма во јавните набавки на одредена институција, како еден од најрелевантните индикатори за постоење на ризик од корупција, е проблем којшто е евидентиран кај голем дел од анализираните претпријатија и акционерски друштва. Кај речиси една третина од нив, концентрацијата на набавките кај една фирма е поголема од 40 отсто. Според вредноста на договорите најголем удел на една фирма има кај АД Електрани, а според процентуално учество во АД Водостопанство.

Третина од таргетираните претпријатија ја применувале нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Високи удели на овие набавки во вкупната вредност на набавките се евидентирани кај Службен весник, со 28 отсто и кај Градски паркинг Скопје, со 22  проценти.

Кај дури 20 од 37 таргетирани претпријатија уделот на поништени постапки е повисок од 20 отсто. Честите поништувања на тендерите претставуваат индикатор за постоење ризик од корупција. Најголеми поништувања на тендерите имале МЖ Транспорт, Национални шуми и ЈСП Скопје.

Големи разлики се констатирани во цените на набавките на ист вид производи и услуги и тоа од 24 отсто до 120 проценти. Еден мегават/час елктричната енергија е купуван по цени од 4.738 до 5.888 денари. Еден топ хартија за печатење  (бела боја, 80 грама и А4 формат) е купуван од 158 до 349 денари. Претпријатијата им плаќаат на агенциите за обезбедување, за едно лице за физичко обезбедување на месечно ниво 24.255 до 36.875 денари. За привремени вработувања се користени услуги од  специјализираните агенции на кои им се плаќала провизија од 0,01 отсто до  8,9 проценти од бруто примањата на работниците. Нафтените деривати, пак, се купувани по највисоките малопродажни цени.

Повеќе детали има во истражувањето кое е објавено на следниот линкhttps://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/103?Category=2

Истражувањето Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините е изработено во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 октомври 2019 година до 30 септември 2021 година.

Слабостите констатирани во анализата ја потврдија потребата од засилување на интегритетот и намалување на ризиците од корупција во јавните претпријатија и акционерските друштва. Во таа насока, по оваа анализа ќе следува и индивидуален скрининг на 37-те претпријатија, во којшто ќе биде даден приказ на клучните параметри што ги отсликуваат јавните набавки на ниво на претпријатие, како и на кадровските капацитети и внатрешните политики на таргетираните претпријатија. Целта е скринингот на состојбите да биде искористен во насока на приспособување на планираните работилници и обуки за претставниците на јавните претпријатија и акционерски друштва кон надминување на реалните слабости во спроведувањето на јавните набавки и максимизирање на ефектите од градењето на кадровските капацитетите и развивањето индивидуални планови за интегритет во јавните набавки. Во оваа насока, во изминатиот период Центарот за граѓански комуникации склучи писма за намери со основачите на таргетираните акционерски друштва и јавни претпријатија, и тоа со Владата на РСМ, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга, во кои е наведено дека по детектирањето на генераторите на корупцијата во јавните набавки кај овие претпријатија ќе се постават стандарди за унапредување на отчетноста и интегритетот и ќе се даде поддршка за воспоставување одржливи механизми за унапредување на начинот на спроведување на јавните набавки.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко